Ана Курникова забележана во Мајами бремена со 4-то бебе – сопругата на Иглесијас блеска пред породување
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
Сопругата на Енрике Иглесијас која досега ја криеше бременоста, сега на неколку недели пред породување се појави во Мајами со ќеркичката, во стајлинг кој ѝ го открива стомакот во кој го носи нивното четврто дете.

Летово, од блиски извори до Ана Курникова и Енрике Иглесијас, се дозна дека парот го очекува своето четврто дете.
Поранешната тенисерка ретко се појавува во јавност и не е активна на социјалните мрежи, но папараците сепак успеаја да ја уловат.

Тогаш таа го криеше трудничкото стомаче под широк дуксер додека ги носеше децата на училиште.

Сега, таа повторно е забележана во Мајами, веќе во поодмината бременост, со оглед на тоа што се очекува до крајот на годинава да се породи.
Сопругата на Енрике на прошетката со ќерката беше облечена во целосно црн аутфит, со широки фармерки и тесна блуза од која ѕиркаше трудничкиот стомак.



Инаку парот е во љубов 24 години, живеат во Мајами и живеат прилично приватен живот, зад камерите и скриени од очите на јавноста.
Низ годините, тие добија три деца, а убавите вести ги споделуваа дури по породувањата.
„Многу се возбудени, едвај чекаат, а во меѓувреме се грижат и за трите други деца, но подготвени се за контролиран хаос кој следи“ – изјавил извор близок до парот.

M. M. | Црнобело