Кети Пери и Орландо Блум пред раскинување: „Свршени се 6 години, а никако да се венчаат, готово е“
- Детали
- четврток, 12 јуни 2025
Иако се свршени шест години, Кети Пери и Орландо Блум постојано ги одложувале плановите за свадба. Ова, заедно со критиките со кои се соочува пејачката периодов, создало тензија во нивната врска, па извори тврдат дека ќе се разделат, само чекаат Кети да заврши со турнејата.

Засега, 2025-та е далеку од добра година за Кети Пери. Покрај вселенскиот лет со кој стана мета на потсмев и турнејата која беше критикувана, 40-годишната пејачка наводно се соочува и со проблеми во врската со Орландо Блум.
Наводно, тензијата во врската на пејачката и актерот почнала уште во септември минатата година, откако Кети го издаде албумот „143“.
Албумот на пејачката се соочи со многу критики и некои велеа дека звучел како да е генериран со вештачка интелигенција.
„Кети беше многу разочарана заради критиките на нејзиниот нов албум. Постојано беше под стрес.
Орландо покажуваше разбирање, но целата ситуација создаде тензија меѓу нив“, откри извор близок до парот.
Моментално Кети Пери е на светска турнеја која исто така се соочи со критики.
„Под стрес е поради критиките за турнејата. Па, ова е како дополнителен товар на врската со Орландо“, вели друг извор.
Сега, пак, трет извор тврди дека дефинитивно ќе раскинат.
„Готово е. Само чекаат да заврши турнејата на Кети за да се разделат“.
Но, меѓу нив имало и друг проблем – фактот што се свршени од 2019 година, но уште се немаат венчано.
Оттогаш, постепено се оддалечувале еден од друг, а свадбата секогаш им била во втор план.
„Минуваат сè повеќе време одвоено. Се оддалечија и веќе не живеат исти животи. Не зборуваат за тоа, но имаат проблеми веќе некој период. Сите околу нив се свесни за ова“, велат извори за Us Weekly.