Кети Пери и Орландо Блум пред раскинување: „Свршени се 6 години, а никако да се венчаат, готово е“
„Кети е многу зафатена, често се разделени и ова создава тензија. Притоа, никогаш не одредија датум за венчавката, ниту имаа направено некаков план, па на Орландо му се смачи. Ситуацијата меѓу нив не е добра“.
Кети Пери и Орландо Блум почнаа да се гледаат во 2016-та, но следната година раскинаа, па повторно се смирија.
Лани Кети откри зошто се разделиле:
„Од првиот ден не бевме многу заинтересирани за врската. Дотогаш Орландо извесен период беше во целибат и имаше некои свои цели. Јас само што излегов од врска и си помислив дека не можам пак да минувам низ истото“.
Пејачката додава дека во периодот кога биле разделени, двајцата почнале да работат на себе, па откако решиле некои лични проблеми, ѝ дале втора шанса на врската.
Се смирија во 2018-та, а во 2019-та Орландо ја побара за жена. Следната година Кети откри дека е бремена и ја роди ќерката Дејзи Дав.
Орландо веќе имаше ќерка со претходната сопруга Миранда Кер.
Засега ни Кети ни Орландо се немаат огласено за шпекулациите дека ќе се разделуваат.
Прочитајте и: Беше во вселената на 10 минути, тужеше калуѓерки: Како Кети Пери стана „најомразената“ личност?
Спирова С. | Црнобело