Поради Мелани Грифит се разведе од првата сопруга, сега љуби 21 година помлада - Кои три жени ги сакаше Антонио Бандерас?
Од 2014-та година, Бандерас е во врска со Никол Кимпел, со која е и денес во љубов.
Антонио и Никол, која е 21 година помлада од него, се запознаа на Канскиот филмски фестивал, додека тој беше оженет со Мелани.
И покрај пишувањата на медиумите дека таа е причина за разводот на актерите, Бандерас секогаш негираше дека Никол има никаква врска со тоа.

Тој тврди дека почнале да се гледаат дури откако тој и Мелани сфатиле дека нивниот брак не може да се спаси.
„Никол не беше причината за мојот развод. Таа ми рече: ‘Прво мора да ги решиш своите проблеми, па ќе видиме“.
Таа нема директна врска со моето раскинување со Мелани во никој случај“, тврди тој.

Откако почнаа врска, Бандерас и Кимпел се неразделни.
Тој вели и дека е жив благодарение на неа, зашто таа му го спасила животот кога доживувал инфаркт.
„Ноќта пред еден настан, Никол имаше главоболка, а немавме ништо во куќата, па таа отиде да купи нешто, лек против болки или нешто слично.
Следното утро, кога почнав да имам симптоми на инфаркт и јасно знаев што се случува, таа ми стави еден од тие аспирини под јазикот и тоа ми го спаси животот“ - раскажал Антонио во интервју.

По срцевиот удар, тој драстично го променил својот начин на живот, почнал повеќе да се грижи за својата исхрана, физичката кондиција и погледот на животот.
Денес живее хармоничен живот со Никол, во Шпанија, снима ретко и патува низ светот со својата девојка.

А. Ј. | Црнобело