Му помогна да се прослави, па го остави без „скршен денар“: Која е првата сопруга на Антонио Бандерас?

Благодарение на првата сопруга, Антонио Бандерас научил англиски и успеа да стане холивудска ѕвезда. Па, кога се разведуваа, таа ја доби заедничката куќа од неколку милиони, висока месечна алиментација, но и половина од парите што актерот ги заработил во периодот кога беа заедно. Антонио, секако, не останал без пари, но изгубил поголем дел од своето богатство.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-01.jpg

Од 2014 година, Антонио Бандерас е во среќна врска со Никол Кимпбел.

И покрај возрасната разлика од 21 година, тие се неразделни, а Никол дури и му го спасила животот кога актерот имаше инфаркт во 2017-та.

Иако се заедно повеќе од една деценија, веројатно не размислуваат за венчавка бидејќи актерот има два неуспешни брака зад себе.

Веројатно се сеќавате на бракот со Мелани Грифит бидејќи беа заедно скоро две децении. Нивната врска ја обележаа неколку скандали, како неверства, но за актерот веројатно попроблематичен бил бракот со првата сопруга која успеа да му земе поголем дел од целото негово богатство.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-04.JPG

Детали за бракот и бурниот развод на Антонио Бандерас и Ана Леза:

Антонио Бандерас и Ана Леза се запознале во 1980-тите, долг пред актерот да стане холивудска ѕвезда.

Роден во Шпанија, Антонио ја почнал кариерата во мал театар во родната земја, каде што бил забележан од реномираниот режисер Педро Алмодовар.

Се појавил во негов филм на шпански јазик, но подоцна почнал да добива улоги и во американски филмови.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-06.JPG

Проблемот бил што Антонио не знаел ни збор на англиски, па токму поради ова ја запознал Ана Леза.

Ана му била приватен тутор и преведувач на Антонио и, како што велеше самиот, му помогнала да се пробие во САД.

„Ми помогна да го преведам сценариото за филмот Los Reyes del Mambo и ми даде многу самодоверба. Без неа, немаше да ја добијам улогата“.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-08.JPG

Ана, пак, има изјавено дека му правела друштво кога првпат отишол во САД за да му помогне да се снајде.

Професионалната врска набрзо се претворила во романтична, па во 1987-ма, само шест месеци откако почнале да се гледаат, Антонио и Ана се венчале.

Ана продолжила да му помага со англискиот, што секако било клучно за тој да почне да добива подобри улоги и со текот на времето да стане меѓу најпознатите актери.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-09.JPG

Но, неколку години по венчавката, Антонио ја добил улогата во филмот Two Much и овде ја запознал Мелани Грифит.

Актерот почнал да се вљубува во неа, но самиот тврди дека не ја изневерил Ана и дека почнал врска со Мелани дури по разводот.

Ана ја презирала Мелани и има изјавено и дека таа ѝ го украла сопругот.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-02.JPG

Тоа што Антонио веќе бил заинтересиран за друга жена, се одразило врз бракот, па во 1995 година, тој и Ана се разведоа.

И, разводот е она што му донесе финансиска катастрофа на Антонио.

Додека беа во брак, тој веќе заработуваше милиони, но бидејќи Ана имала огромен удел во неговата слава, му зела речиси сè.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-.JPG

Во разводот, Ана ја добила нивната куќа вредна 3,5 милиони евра. Исто така, тој требало да ѝ плаќа 12.000 евра месечно, а добила и 50% од заработката на актерот додека биле во брак.

Не е познато колку точно изнесуваат тие 50% од заработката, но дотогаш актерот имаше снимено некои од неговите најпознати филови. Што значи, Ана добила милиони и кога ќе се земе предвид и куќата, му зела поголем дел од богатството на Антонио.

Во интервју од 2004 година, актерот прозборе за она што го изгубил во разводот.

„Ова е бизнис. Судијата сака да знае колку пари ќе му платите на партнерот. Па, ве фаќаат за нога, ве тресат и кога нема да ви остане ништо, дури тогаш ќе ве пуштат. Тоа ми го направија мене“.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-07.JPG

И покрај разводот што го остави без ништо, Антонио имаше изјавено дека морал да донесе одлука бидејќи не можел да ги игнорира чувствата кон Мелани.

„Љубовта е апстрактно чувство. Не можам да ја опишам љубовта. Зарем некој може? Само знаете дека е во вас и дека е посилна. И, не можете да ја сопрете“.

mu-pomogna-da-se-proslavi-pa-go-ostavi-bez-skrshen-denar-koja-e-prvata-sopruga-na-antonio-banderas-03.JPG

Речиси веднаш по разводот, тој почна врска со Мелани, а истата година и се венча со неа.

Ана, пак, ја напушти филмската индустрија и во 2000 година стапи во брак со друг маж. Практикуваа номадски живот, пред да купат постојан дом во Њујорк.

Според некои извори, станале и дел од мистична хинду организација и денес се држат настрана од јавност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава