Поради Мелани Грифит се разведе од првата сопруга, сега љуби 21 година помлада - Кои три жени ги сакаше Антонио Бандерас?
Нивната хармонија траеше до 1995-та, кога Бандерас доби можност да глуми во филмот Two Much со Мелани Грифит, шест години откако ја виде првпат.
Подоцна, Ана Леза изјави дека Мелани ѝ го украла сопругот.
Следната година се разведоа, а Ана доби многу пари од бракоразводната постапка (околу 3,4 милиони евра во денешна вредност), вила во Мадрид, месечна алиментација и 50 проценти од профитот од сите филмови што Бандерас ги снимил додека биле заедно.

Според Мелани, Антонио не бил воопшто шармантен при нивниот прв разговор.
„Прво ме праша колку години имам. Тоа е најнепристојното нешто што некој некогаш ме прашал на прва средба. Но, имаше нешто во него...“, рекла таа.
И покрај тоа што двајцата биле во брак кога се запознале, не можеле да ги скријат емоциите.
„Сè се случи многу, многу брзо, но двајцата бевме зафатени во тоа време. Се обидовме, колку што можеме, да го задржиме почитувањето.
Мислевме дека тоа е еден од оние моменти на восхит што често ги имаме кога снимаме филмови во кои со некого глумиме пар, но не беше така“, кажа Антонио.

Откако и двајцата се развеле, Антонио и Мелани се венчаа на 14 мај 1996 година во Лондон, а подоцна истата година се роди нивната ќерка Стела Бандерас.
Отстрана делуваше дека ги води страст и дека нема да останат заедно, па никој не очекуваше нивниот брак да трае скоро 18 години.
Заедно поминаа многу, дури и тоа што Мадона отворено му се додворуваше додека ја снимаа Evita, и тоа во време кога Мелани беше бремена.
Но, во 2014 година излегоа со заедничко соопштение дека се разведуваат „пријателски и со многу љубов.

Според извори блиски до двојката, пак, тие со години имале брачни проблеми, особено кога Бандерас бил отсутен поради снимање.
И по разводот никогаш не зборуваа лошо еден за друг, туку со голема љубов и почит.
Дури и во едно интервју, запрашан за здравјето на Мелани, во време на нејзината борба со ракот на кожата, Бандерас изјави: „Ќе ја сакам таа жена до смрт“.
