Го остави сопругот преку Инстаграм, па се сврши со бившиот на Клои Кардашијан: Принцезата од Дубаи се подготвува за свадба
- Детали
- петок, 29 август 2025
Минатата година, принцезата од Дубаи го остави сопругот преку објава на Инстаграм. Кратко потоа почна врска со бившиот на Клои Кардашијан – раперот Френч Монтана – а сега открија и дека се свршиле. Принцезата е од најмоќното семејство во Дубаи, додека раперот има скромно потекло, па не е јасно како се запознале и како ја освоил.

Клои Кардашијан имала врски со низа познати личности, а еден од нив е и раперот Френч Монтана.
Иако нивната врска траеше кратко, околу една година, сепак привлекуваа внимание бидејќи тој период се зголемуваше и популарноста на Клои.
Тие ја почнаа врската во 2014-та, но до крајот на годината раскинаа.
Раскинувањето не беше нешто скандалозно и раперот откри дека останале блиски со Клои.
„Јас и Клои секогаш ќе бидеме пријатели. Нашите семејства се блиски. Мислам дека и врската беше добра – немаше караници, не се повредивме еден со друг“.
Потоа раперот имаше кратка врска и со Иги Азелија, а сега повторно го сврти вниманието кон себе со свршувачката со принцезата од Дубаи.
40-годишниот рапер потврди дека ќе се венча со Махра Мохамед Рашид Ал Мактум – ќерката на владетелот на Дубаи.
И, факт е дека се навистина чуден спој.
Првите гласини за нивната врска се појавија во октомври минатата година кога беа забележани во дискотека во Дубаи.
Потоа, летово заедно присуствуваа и на Модната недела во Париз, а неколкупати беа фотографирани и по ресторани.
Самата свршувачка е изненадување бидејќи се заедно помалку од една година, но и бидејќи лани принцезата се разведе од првиот сопруг бидејќи наводно имал љубовници.