Калвин Харис е Адам, Маршмело е Кристофер - Кои се вистинските имиња на светските диџеи?

Дејвид Гета е еден од ретките кои, всушност настапуваат под своето вистинско име - роден е како Пјер Дејвид Гета во Париз. Но, како се викаат останатите светски диџеи?

kalvin-haris-e-adam-marshmelo-e-kristofer-koi-se-vistinskite-iminja-na-svetskite-didjei-01.jpg

Нивната музика ја слушате постојано, играте на нивните песни и сигурно барем еден или двајца ви се на листата „омилени светски диџеи“.

Но, дали ги знаете нивните вистински имиња?

Неколкумина светски диџеи ги задржале своите реални имиња и како сценски, а други се толку многу различни, што можеби никогаш нема да погодите за кого станува збор.

Ништо поразлично не е ни кај нас - бројни македонски диџеи настапуваат под сценски имиња, па не знаете како се викаат навистина.

Ова се реалните имиња на некои од најпопуларните диџеи во светот:

Hardwell изгради империја под уметничкото име, но во Холандија е роден како Роберт ван де Корпут.

David Guetta е еден од ретките диџеи кои, всушност настапуваат под своето вистинско име - роден е како Пјер Дејвид Гета во Париз.

Martin Garix е еден од најмладите суперѕвезди во историјата на светската музика, а неговото вистинско име е Мартин Герард Гаритсен.

Marshmello е познат по тоа што си го крие ликот на настапите - неговото име е Кристофер Комсток.

Diplo е сценското име на Томас Весли Пенц, кој е роден во Америка, во државата Мисисипи.

Zedd е сценското име на Антон Заславски, кој е роден во Германија, а има руско-германски корени.

Anyma е познат по својот мелодичен звук и фуристички настапи. Но, кога не е на сцената, пријателите го викаат по вистинското име, Матео Милери.

Avicii е икона на електронската и денс сцена, а песните кои ги направи се хитови и по неговата смрт. Вистинското име му е Тим Берлинг.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Камерон Дијаз гордо си ги носи брчките: „Подобро да гледам како стареам, отколку да имам лице што не... „Сум пробала ботокс порано. Ми го промени целосно лицето на многу чуден начин и ...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...

Најчитани неделава