Во врска е со Карлос Алкараз откако ја поврзуваа со Јаник Синер - Што знаеме за манекенката Брукс Надер?
- Детали
- четврток, 11 септември 2025
„Точно е тоа што се зборува, но врска е толку широк поим. Сепак, знам дека Карлос е актуелниот маж во нејзиниот живот“, изјави една од сестрите на Брукс Надер и ги потврди гласините дека шпанскиот тенисер има нова љубов. Што знаеме за американската манекенка?

Откако шпанскиот тенисер Карлос Алкараз (22) го освои US Open и се качи на првото место на АТП листата, повторно се најде во центарот на светското внимание.
Но, овој пат не само поради титулата на еден од четирите Гренд слемови, туку и поради љубовниот живот.

Медиумите веќе некое време шпекулираат дека Карлос е во врска со американската манекенка Брукс Недар (28), а сега, нејзината помала сестра Грејс Ен, ги потврди гласините.
„Точно е тоа што се зборува. Но, врска е толку широк поим. Сепак, знам дека тој е актуелниот маж во нејзиниот живот“, рекла таа во изјава за E!News.

Грејс Ен додала дека нивните две други сестри веќе го запознале Карлос, но таа сè уште не го сретнала.
„Едвај чекам да го запознаам, многу е сладок“, рекла таа.
Брук претходно беше на трибините на US Open, но и на Wimbledon, по што медиумите почнаа да ја поврзуваат со Јаник Синер.
Таа, сепак ги демантираше овие озборувања, велејќи дека била да го гледа Карлос, а не Јаник.
Што знаеме за Брукс Надер?
Родена е во Луизијана на 7 февруари 1997, како најстара од четирите ќерки во семејството.

Стекна слава кога се појави победи на натпреварот на магазинот Sports Illustrated во нивната потрага по девојка со најубаво тело во бикини во 2019 година.
