Камерон Дијаз (53) гордо ги покажа брчките и природната убавина, откако цела година се криеше од јавност
- Детали
- понеделник, 15 септември 2025
Првпат по една година, Камерон Дијаз се појави во јавност, и тоа со сопругот и помалото дете што го добија лани. Без шминка и во лежерно издание, актерката покажа дека си ја цени природната убавина, и на 53 години, не планира да ги крие брчките.

Камерон Дијаз и Бенџи Маден се еден од славните парови кои најмногу ја изненадија јавноста, особено бидејќи се заедно повеќе од една деценија.
Уште на почетокот важеа за невообичаен спој бидејќи Бенџи, кој е музичар, го следеше репутација на бунтовник, додека актерката делуваше како целосна спротивност на него.
Но, тие не само што докажаа дека се совршени еден за друг, туку и мошне добро ја кријат својата приватност.
Всушност, од август 2024-та, па сè до минатата недела, тие воопшто не беа видени во јавност.
53-годишната Камерон и 45-годишниот Бенџи беа фотографирани во Њујорк, на прошетка со нивниот 1-годишен син.
Во лежерно издание со фармерки и бела маичка, Камерон покажа дека гордо си ги носи годините.
Деновиве актерката беше „уловена“ и сама со поголемото, 5-годишно дете, исто така во лежерно издание.