Камерон Дијаз (53) гордо ги покажа брчките и природната убавина, откако цела година се криеше од јавност
Потоа, за време на викендот, тие беа забележани и во казино во Њу Џерси. Овој пат актерката имаше минималистичка шминка која само ја истакнува нејзината природна убавина.
Низ годините, Камерон и Бенџи многупати зборувале за тајните за нивниот успешен брак.
Актерката има изјавено дека посветуваат многу внимание на нивниот сексуален живот, како и дека за нив е нормално некогаш да не спијат во ист кревет.
„Треба да го нормализираме спиењето во посебни соби. Јас да си имам своја куќа, сопругот нека има негова. Во средината ќе имаме семејна куќа.
Јас ќе спијам во мојата соба, сопругот во неговата и ќе бидеме среќни“, изјави Камерон во 2023-та.
Што се однесува до интимноста, актерката откри дека ужива во сексот на отворено.
„Но, сакам и прегратки. Сакам физички контакт. Мојот партнер е моето сè“.
Парот има откриено и дека повремено одат кај брачен советник и дека двајцата напорно работат на нивниот брак.
Инаку, Камерон и Бенџи се запознаа преку Никол Ричи која, пак, е сопруга на братот на музичарот.
Само десет месеци подоцна, во 2015-та, тие се венчаа.
И, оттогаш се неразделни. Првото дете го добија пред почетокот на пандемијата, а актерката изјави дека тоа им бил одличен изговор да не излегуваат од дома.
Тој период сфатиле и дека се најсреќни кога се држат настрана од јавноста и целосно се посветени на нивното семејство.
Минатата година, пак, добија уште едно дете, а додека не ги открија убавите вести, јавноста не ни знаеше дека Камерон била бремена.
Актерката направи и долга пауза од кариерата, но се појави во филмот Back in Action од 2025 година. Па, можеби со ова, но и појавувањето во јавност периодов, го најавува своето враќање во Холивуд.
Спирова С. | Црнобело