Бредли Купер потпадна под притисок – си го промени личниот опис со (лоши) пластични операции

„Неправилното коригирање на неговото лице создава изглед на карикатура заради дисбаланс со центарот на ликот“ – велат докторите за новиот изглед на Бредли Купер, кој на 50 години одлучи да се подмлади, но фановите повеќе го споредуваат со Чарли Шин.

bredli-kuper-potpadna-pod-pritisok-si-go-promeni-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-01.jpg

Бредли Купер изгледа исто со години, но изгледа паднал под притисок на постојаното појавување во јавност, на настани, но и со помладата девојка Џиџи Хадид.

Тој реши да ги следи трендовите и да го подмлади својот изглед на 50 години, но многумина велат дека малку претерал.

Фановите коментираат дека на последното појавување во Њујорк е стилски, но малку непрепознатлив.

bredli-kuper-potpadna-pod-pritisok-si-go-promeni-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-07.jpg

Купер е главна тема и кај светските пластични хирурзи кои го коментираат неговиот лик и можните процедури.

Кожата на лицето му е затегната, пополнета и блескава, но и очните капаци му изгледаат поотворено.

bredli-kuper-potpadna-pod-pritisok-si-go-promeni-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-08.jpg

Неодамна, тој прошета со неговата девојка, а многумина коментираа дека повеќе личи на Чарли Шин отколку на себеси.

bredli-kuper-potpadna-pod-pritisok-si-go-promeni-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-04.jpg

Пластичните хирурзи велат дека причина за ова е дисбалансот во корекциите, односно дека е работено на затегнување на вратот, линиите на вилицата, но не и на централниот дел на лицето, заради што се добива визуелна неповрзаност и променет изглед.

bredli-kuper-potpadna-pod-pritisok-si-go-promeni-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-06.jpg

„Вистинското и природно подмладување доаѓа со почитување и поддржување на внатрешната архитектура на лицето, а не само на краевите и полнењето со филери“ – вели доктор за DailyMail.

Полнењето со филери пак, во долниот дел на образите, понекогаш ако е претерано може да создаде изглед како нешто да тежи или да личи на карикатура, наместо да се добие подмладен изглед.

bredli-kuper-potpadna-pod-pritisok-si-go-promeni-lichniot-opis-so-plastichni-operacii-05.jpg

Српски доктор исто така го искоментира несоодветно коригираното лице на Бредли:

„Бредли Купер е доказ дека и малите промени можат да го сменат изразот.

Иако операцијата на капаците делува како едноставна интервенција, кај машката физиономија, секој милиметар прави разлика.

Наместо свеж и одморен израз, резултатот понекогаш може да делува – изморено.

Затоа потребна е прецизност, разбирање на пропорциите и чувство за машка естетика“.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Му се меша во врските, тој ја носи бурмата на татко му: Чудниот однос на Бредли Купер и мајка му Гло... Бредли Купер дефинитивно е „мамин син“, а фактот што живеат заедно со мајка му и...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...

Најчитани неделава