Мрачни (и тажни) детали од животот на Камерон Дијаз: Снимила филм за возрасни, несвесно шверцувала дрога
- Детали
- недела, 02 ноември 2025
Пред да се пробие во Холивуд, Камерон Дијаз снимила филм за возрасни. Откако се прослави, била уценувана и видеото се појавило на интернет, но наводно нејзиниот адвокатски тим успеал да го реши проблемот.

Иако направи неколкугодишна пауза, Камерон Дијаз уште се вбројува меѓу најпознатите холивудски актерки.
Актерската карера ја почна со улогата во The Mask, а поради шармот, брзо стана ѕвезда.
Иако Камерон се потруди да изгради имиџ на примерна и професионалната актерка, и таа има по некоја мрачна тајна.
Детали од животот на Камерон Дијаз:
Нејзин братучед почина од СИДА
Во раните 1980-ти, кога експертите уште не знаеја многу за болеста за СИДА, Камерон Дијаз го изгубила нејзиниот братучед.
Тој период не постоеле никакви лекови, а оваа трагедија ја поттикнала подоцна да стане активистка.
„Немаше лек. Сите бевме преплашени“, има изјавено актерката.
Камерон има лансирано и своја организација чија цел е да им помогне на заболените од СИДА.
Наводно шверцувала дрога во минатото
Во 1990-тите, пред да стане славна, Камерон живеела во Париз, со надеж дека ќе стане модел.
Но, работите не оделе по план.
„Во Париз не работев ни еден ден. Никако не можев да најдам ангажман“.
Наместо тоа, Камерон добила друго задолжение – да транспортира куфер со костими од Париз во Мароко.
Но, актерката вели дека е сигурна дека во куферот имало дрога и таа требало да ја шверцува, без да биде свесна.
„Убедена сум дека им бев шверцер на дрога во Мароко. Ова беше пред строгите контроли на аеродромите.
Мислам дека ми ја дадоа работата бидејќи кој би се сомневал во русокоса девојка со сини очи и штикли“.
Иако била преплашена, Камерон вели дека сега може и да се шегува за селата ситуација.
„Тоа беше единствената работа што успеав да ја најдам во Париз“.
Има снимено филм за возрасни
Во 1992-ра, на 19-годишна возраст, Камерон Дијаз снимила порно филм.
Тој период актерката уште се немаше пробиено во Холивуд – улогата во The Mask ја доби околу две години подоцна.
Кога почна да се прославува, во раните 2000-ти, видеото се појавило на интернет, а актерката наводно била уценувана.
Не се познати многу детали за целиот случај, но наводно Камерон имала добар адвокатски тим кој ѝ помогнал да го тргне видеото од интернет.
Според некои извори, пред да се прослави, Камерон имала направено и разголена фотосесија, па била уценувана и за овие фотографии.