Мрачни (и тажни) детали од животот на Камерон Дијаз: Снимила филм за возрасни, несвесно шверцувала дрога
Се појави во документи поврзани со педофилот Џефри Епстин
Меѓу многуте познати личности кои се појавиле во документи поврзани со педофилот Џефри Епстин, била и Камерон Дијаз.
Тоа што нејзиното име било спомнато не мора да значи дека актерката била вклучена во нешто нелегално, но краток период негативно се одразуваше врз нејзината репутација.
На крај, таа мораше да се огласи и преку својот портпарол:
„Камерон никогаш не го сретнала Џефри Епстин, не била на исто место со него и нема никаква поврзаност со него, без разлика на фактот што тој можеби го спомнал нејзиното име или кажал дека знае која е“.
Можно е да била во врска со Илон Маск
Иако се само гласини, некои извори тврдат дека Илон Маск и Камерон Дијаз имале кратка врска.
Наводно, се запознале кога Камерон купила автомобил од неговата компанија, а милијардерот веднаш паднал на нејзиниот шарм.
Врската траела многу кратко, во 2013 година, но актерката се нема огласено за шпекулациите.
Жали што ставила ботокс
Камерон Дијаз не крие дека експериментирала со процедури за разубавување, а отворено кажува и дека жали.
Актерката имала направено третман за ботокс, но воопшто не била задоволна од резултатот.
„Ми се промени лицето на многу чуден начин и само си помислив дека не сакам да изгледам така. Подобро да имам лице што старее, отколку лице што не е ни мое“.
Актерката признава дека се одлучила за процедурата поради огромниот притисок што го чувствувала да изгледа совршено.
„Дефинитивно сум жртва на притисокот од јавноста и експлоатацијата на којашто се изложени жените“.
Спирова С. | Црнобело