Бен Афлек во автомобил со мистериозна убавица, по гласините дека сака да ѝ се врати на бившата Ана Де Армас
- Детали
- четврток, 06 ноември 2025
Додека се шпекулира дека Бен Афлек повторно бара љубов во неговото минато, актерот беше фотографиран со непозната жена. Наводно, откако Ана Де Армас раскинала со Том Круз, Бен сериозно размислувал да ја контактира со надеж дека ќе му даде уште една шанса.

Еден месец по премиерата каде Бен Афлек и Џеј Ло изгледаа како вљубен пар, актерот беше забележан со друга жена.
Вчера (07.11), 53-годишниот актер беше фотографиран во неговиот автомобил, во кој влезе и непозната жена.
Не е познато дали Бен и жената се соработници, пријатели или нешто повеќе, но по разводот од Џеј Ло, тој никогаш не се појавил во јавност со друга жена, освен повремените средби со Џенифер Гарнер.
Штом жената влезе во автомобилот, тие разговараа, а потоа заминаа некаде.
Иако никој не знае која е, јавноста веќе коментира дека жената е вистинска убавица.
Во лежерно издание со широки фармерки, широка блуза и патики, изгледа мошне добро.
Откако се разведе од Џеј Ло, Бен немал врска за којашто јавноста знае. Но, се шпекулираше дека сега пробува да ѝ се врати на друга бивша девојка – актерката Ана Де Армас.