Сакала да ѝ ја уништи кариерата, афера со Џеј Зи: Детали за „тајната војна“ меѓу Бијонсе и Ријана

Кога Ријана почна да се прославува, Бијонсе ја гледала како закана, па се зборува дека дури и го саботирала издавањето на нејзиниот албум во 2016-та. Некои, пак, велат дека Ријана ја изневерила довербата на Бијонсе и затоа денес воопшто не зборуваат.

sakala-da-ja-unishti-karierata-afera-so-dzhej-zi-detali-za-tajnata-vojna-megju-bijonse-i-rijana-01.jpg

Ријана и Бијонсе се меѓу најпознатите и најмоќните имиња во музичката индустрија, но во долгите кариери, немале ниту една соработка.

Иако во минатото позираа заедно на настани, денес пејачките како да немаат никаков контакт, поради што почна да се шпекулира дека се  „во војна“, но го кријат ова од јавноста.

Се зборува и дека тоа што Ријана брзо ја надмина на популарноста на Бијонсе можеби е причина за конфликтот меѓу нив.

Па, што знаеме за односот на двете пејачки?

Ријана била огромна обожавателка на Бијонсе

Ријана се прослави во тинејџерските години, во период кога Бијонсе веќе беше светска ѕвезда. Па, Ријана не криеше дека ја гледа Бијонсе како идол.

Во една пригода спомна и дека добивала мошне корисни совети од неа на почетокот од кариерата, како и дека Бијонсе ѝ напишала и емотивно писмо за поддршка.

Но, кога Ријана почнала да привлекува повеќе внимание и од Бијонсе, ова наводно почнало да ѝ прeчи на пејачката.

Бијонсе почнала да ја гледа колешката како огромна конкуренција, па и закана за нејзиниот успех.

sakala-da-ja-unishti-karierata-afera-so-dzhej-zi-detali-za-tajnata-vojna-megju-bijonse-i-rijana-04.JPG

Драма со песната Bow Down

Како што се засилуваа гласините за конфликтот меѓу пејачките, во 2013-та, Бијонсе ја издаде песната Bow Down.

Многумина ја гледа како порака до сите женски артисти, особено Ријана, со која Бијонсе им порачува да ја третираат како кралица на музичката индустрија.

Но, и самата приказна зад песната е поврзана со Ријана.

Имено, песната била напишана за неа, но таа ја одбила и на крај ja снимила Бијонсе.

Кoга песната стана хит, Ријана сподели статија во која Бијонсе е наречена „кралица на поп музиката“.

Во описот додаде дека уште e март, односно дека има време таа да го преземе тронот.

Ова онлајн „препукување“ само ги потврди сомнежите на фановите дека односот меѓу пејачките дефинитивно е влошен.

sakala-da-ja-unishti-karierata-afera-so-dzhej-zi-detali-za-tajnata-vojna-megju-bijonse-i-rijana-05.JPG

Наводно и Џеј Зи се вмешал

По драмата со песната Bow Wow, почна да се зборува дека Бијонсе пробува да ѝ ја намали популарноста на Ријана, но и дека добивала помош од сопругот џеј Зи.

Во 2016 година, на стриминг платформа што ја поседуваат Џеј Зи и Бијонсе протече снимка од новиот албум на Ријана – Anti.

Дел од јавноста сметаше дека славниот пар има удел во ова, бидејќи набрзо потоа Бијонсе требаше да издаде нов албум.

Па, го смислиле планот со Џеј Зи за нејзиниот албум да се продава повеќе.

Сепак, Ријана одигра паметно – веднаш потоа самата го издаде албумот, а на фановите им нудеше и кодови за бесплатно преземање.

Со ова успеа да го „спаси“ денот за промоција и албумот се покажа како вистински успех и покрај саботажата.

sakala-da-ja-unishti-karierata-afera-so-dzhej-zi-detali-za-tajnata-vojna-megju-bijonse-i-rijana-08.JPG

Гласини за афера меѓу Ријана и Џеј Зи

Точно е дека Џеј Зи ѝ помогна на Ријана да изгради кариера, откако му го привлекла вниманието со хитот Pon de Replay.

Тие почнаа да соработуваат, но истовремено се зборуваше дека имале и афера.

Нормално, ова би имало удел во односот на Ријана и Бијонсе.

Подоцна соработник на Ријана тврдеше дека нејзиниот тим намерно почнал да ги шири гласините за да ѝ ја зголемат популарноста, но дека меѓу неа и Џеј Зи немало ништо.

sakala-da-ja-unishti-karierata-afera-so-dzhej-zi-detali-za-tajnata-vojna-megju-bijonse-i-rijana-03.JPG

Наводно, Бијонсе и претходно „уништувала“ пејачки кои ги гледала како закана

Лорин Хил беше ѕвезда во 1990-тите и иако ја нарекуваа една од највлијателните жени во индустријата, потоа како да исчезна.

Самата Лорин, пак, вели дека за ова е заслужна Бијонсе.

Лорин се прослави преку ноќ и со првиот албум освои неколку Греми награди.

Иако се зборуваше дека почнала да ѝ пречи огромната популарност, некои веруваат дека Бијонсе вмешала прсти во нејзиното повлекување од јавноста.

Тој период Бијонсе почнуваше да се прославува, но веќе имаше моќни конекции и способност да направи нешто такво.

sakala-da-ja-unishti-karierata-afera-so-dzhej-zi-detali-za-tajnata-vojna-megju-bijonse-i-rijana-6.JPG

Ријана ја „изневерила“ довербата на Бијонсе

Иако не е познато што точно се случило, некои извори тврдат дека Ријана ја изневерила довербата на Бијонсе, па затоа почнал конфликтот меѓу нив.

„Бијонсе честопати зборуваше за Ријана. Ја гледаше, можеби не како помала сестра, туку како личност за којашто треба да се е грижи.

Но, сега Бијонсе е во 40-тите, а Ријана во доцните 30-ти, па веќе не може да ѝ биде ментор.

Тешко е да се откријат деталите, но лојалноста ѝ е многу важна на Бијонсе. Ако сте ѝ лојални, таа ќе ви биде лојална до смрт.

Но, ако ја предадете еднаш, готово е со вас. Ријана го направи токму тоа“.

sakala-da-ja-unishti-karierata-afera-so-dzhej-zi-detali-za-tajnata-vojna-megju-bijonse-i-rijana-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Џеј Зи е неверен, Бијонсе е љубоморна: Знаци дека бракот на славниот пар нема да трае уште долго Според некои извори, Бијонсе честопати имала проблеми со љубомора и реагирала бу...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...

Најчитани неделава