Најдобро облечените ѕвезди на Златни глобуси 2026 + Кои се победниците?
- Детали
- понеделник, 12 јануари 2026
Овен Купер стана најмладиот добитник на Златен глобус со улогата во Adolescence, а Тимоти Шаламе конечно освои статуетка, по пет номинации. Што се однесува до модата, годинава речиси и да немаше утки и тешко е да се избере фаворит.

Синоќа (11.01) во Лос Анџелес се одржа 83-тото издание на Златните глобуси – настан на кој се наградуваат најдобрите филмови и серии од минатата година.
И, годинава конкуренцијата беше навистина голема – меѓу номинираните беа актери како Џенифер Лоренс, Џулија Робертс, Леонардо ди Каприо, Џорџ Клуни, Ема Стоун…
За најдобар филм од жанрот драма беше прогласен Hamnet, а во категоријата најдобар мјузикл или комедија победи One Battle After Another. Филмот победи во уште две категории – најдобар режисер и најдобро сценарио.
Во категоријата најдобар анимиран филм победи популарниот KPop demon Hunters, додека за најдобра серија од жанрот драм беше прогласена The Pitt.
The Studio победи како најдобра серија од жанрот комедија или мјузикл, а очекувано, Adolescence беше прогласена за најдобра мини-серија.
Од филмските актери, со статуетки си заминаа Џеки Бакли, Вагнер Моура, Роуз Бирн, Тејана Тејлор, Тимоти Шаламе и Стелан Скарсгард.
Од актерите кои глумеа во серии, за победници беа прогласени Реа Сихорн, Ноа Вајл, Џин Смарт, Сет Роген, Мишел Вилијамс, Стивен Греам, Ерин Доерти и Овен Купер кој е најмладиот добитник на Златен глобус.
Покрај наградите, како и секоја година доста внимание привлекува модата на црвениот тепих.
А, годинава е навистина тешко да се избере фаворит бидејќи модни утки речиси и да немаше.
