Никол Кидман блеска, а Кит Урбан е „изгубен“ по разводот: „Се плаши дека направи грешка, веќе не знае каде е неговиот дом“
- Детали
- среда, 14 јануари 2026
„Сега Кит е осамен – преморен е, се изолира и го чека иднина што никогаш не си ја ни замислувал“, открива извор според кој бившиот на Никол Кидман е очаен што го изгуби семејството.

Разводот на Никол Кидман и Кит Урбан беше нешто неочекувано, најмногу бидејќи 20 години беа во брак.
И, додека актерката изгледа среќно, блиските почнале да се загрижуваат за Кит Урбан и состојбата на неговото ментално здравје.
58-годишниот Кит ги поминал празниците потполно сам, а го пропуштил и роденденот на ќерка им Фејт.
Извори блиски до парот велат дека се чувствувал потполно изгубено без неговото семејство.
Никол Кидман беше во Австралија за Божиќ, заедно со нивните две ќерки. Овде го прославија и 15-тиот роденден на ќерката Фејт, кон крајот на декември.
„Тоа што го пропушти роденденот на Фејт му беше како многу силен удар. Кит веќе не знае каде е неговиот дом. Се фокусира на работата и затоа останува во Нешвил.
Но, тој е роден во Нов Зеланд, порасна во Австралија, а во САД основа семејство. И, сега како да нема уред за навигација“.
Бидејќи почнал и да се изолира, најблиските пријатели го посетувале секојдневно за да го проверат како е.
Никол Кидман од друга страна си поминала прекрасно во Австралија.
„По бурната есен, ова е сè што сакаше. Сакаше да го прослави Божиќ дома, во Австралија и пресреќна е.
Оптимист е и се фокусира на работите за коишто е благодарна“, вели извор близок до актерката.
Но, Кит Урбан тешко се справува со разделбата и некои извори велат дека уште не е ни свесен што му се случило.
„Се прашува дали можеби направил голема грешка. Мора да ги плаќа сметките, а адвокатите за развод не се евтини.
Сега Кит е осамен – преморен е, се изолира и го чека иднина што никогаш не си ја ни замислувал. Исто така го изгуби најдобриот пријател – Никол, која му беше и најголема поддршка.
Мисли дека направи огромна грешка“, вели извор близок до парот.
Никол и Кит го финализираа разводот кратко по Нова година и се договориле дека никој нема да плаќа алиментација, ниту, пак, некој ќе треба да му плаќа на другиот за финансиска издршка.
Се договориле и секој од нив сам да си ги покрие трошоците за разводот.
Што се однесува до заедничкиот имот, го поделиле еднакво. Имотот што го поседувале одделно нема да го делат. Односно, секој ќе си го задржи она што веќе е негово.
Исто така, се договориле дека Никол ќе поминува 306 денови со децата, додека Кит само 59, односно преку еден викенд.
Спирова С. | Црнобело