Никол Кидман и Кит Урбан се разделија по 20 години - Не живеат заедно со месеци, актерката сакала да го спаси бракот
- Детали
- вторник, 30 септември 2025
По две децении љубов, актерката и музичарот ставаат крај на својот брак - Кит се иселил од семејниот дом и си заминал во куќата што си ја купил во Нешвил.

Оскаровката Никол Кидман (58) и нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан (57), се разведуваат по повеќе од 19 години брак, пишуваат американските медиуми.
Парот, кој почна да се забавува во 2005 година, а се венчаа во јуни 2006 година, веќе не е заедно.

Наводно, тие не живеат заедно од почетокот на летото, кога Кит се иселил од семејниот дом и си заминал во куќата што си ја купил во Нешвил.
Според пријател на парот, на кој се повикува JustJared, Никол не сакала да се раздели од Кит и се обидела да го спаси бракот, но тој бил решен да замине.

Актерката останала да се грижи за нивните две деца, ќерките Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14).
„Таа држи семејството заедно во овој тежок период откако Кит го нема“ - рекол анонимниот извор.

Некои медиуми пишуваат и дека ја очекувале разделбата на парот, имајќи предвид дека со месеци не споделиле нешто заедничко на социјалните мрежи, што е чудно за нив, бидејќи секогаш делеле семејни моменти или се поддржувале во работата.

Инаку, Никол го помина летото во Лондон каде што го снимаше филмот Practical Magic 2, а потоа замина во Њујорк, каде што нејзината ќерка, Сандеј Роуз, настапуваше на Модната недела во Њујорк.
Кит, пак, имаше концерти, но Никол не се појавила на турнејата.

А. Ј. | Црнобело