Шон Пен (65) ја покажа 34 години помладата девојка и покрај осудите, откако ја прекрши забраната за пушење на Златни глобуси
- Детали
- петок, 16 јануари 2026
По осудите зошто запали цигара на Златните глобуси, каде пушењето е забрането, сега Шон Пен повторно е критикуван за неговата 30-годишна девојка. Тие се заедно од 2024-та, но голем дел од јавноста смета дека таа го користи за пари бидејќи е 34 години помлада од него.

Шон Пен ретко ја покажува неговата девојка Валерија Ников, најверојатно поради многуте критики од јавноста.
Додека Шон Пен има 65 години, неговата двојка има само 30 и е всушност помлада од неговите син и ќерка.
Првите гласини дека се во врска се појавија во септември 2024-та, и иако ретко се појавуваат заедно во јавност, јасно е дека нивната љубов трае, и покрај критиките.
Додека се соочува со осуди за многу помладата девојка, деновиве Шон Пен е критикуван и за неговото однесување на Златните глобуси.
Погледнете и: Најдобро облечените ѕвезди на Златни глобуси 2026 + Кои се победниците?
Во неделата (11.01) актерот си запали цигара во салата каде што се одржуваше настанот, без разлика што пушењето е строго забрането.
Најверојатно актерот ќе се соочи со парична казна која веројатно за него нема да претставува ништо.
Но, на социјалните мрежи многумина коментираат дека неговото однесување е арогантно и дека со тоа што ги прекршил правилата, им покажал непочитување на сите присутни.
И, ова не е првпат актерот да пушти на несоодветно место.