Бруклин Бекам на старо видео ја влече Никола Пелц за да се слика со Бекамови: „Таа е гневна, пробува да не заплаче“

Во видео од 2023-та, направено на премиерата на Нетфликс документарецот на Бекамови, се гледа како Дејвид и Викторија позираат, додека Бруклин пробува да ја натера и сопругата Никола да застане до нив. Но, голем дел од јавноста смета дека говорот на телото на Никола и Викторија е доказ дека сето она што го кажа Бруклин можеби е вистина.

video-od-nikola-pelc-i-bekamovi-na-premiera-gi-podeli-mislenjata-probuva-da-ne-zaplache-mu-veruvam-na-bruklin01.jpg

Блиските на Бекамови стојат на ставот дека син им Бруклин лаже и е контролиран од сопругата Никола.

Од друга страна, оние кои го поддржуваат синот на Дејвид и Викторија велат дека сè што кажува за нив е вистина.

За Page Six, извор близок во младиот пар вели дека Дејвид и Викторија намерно им правеле проблеми.

„Доцна е Викторија и Бекам да пробуваат да го подобрат односот со син им Бруклин.

Колку и да звучи лудо, сè што кажува Бруклин е вистина. Навистина е доцна, на Бруклин му е ’преку глава‘“.

video-od-nikola-pelc-i-bekamovi-na-premiera-gi-podeli-mislenjata-probuva-da-ne-zaplache-mu-veruvam-na-bruklin-08.JPG

Друг извор вели дека Бруклин решил да ја напише емотивната исповед бидејќи забележал дека во некои медиуми се шпекулира дека сака да се смири со родителите.

„Дејвид и Викторија треба да станат свесни за нивното однесување. Можеби не сакаат да го слушнат ова, но зборовите на Бруклин се вистинити.

Пробуваат да ги разделат Никола и Бруклин, ’продаваа‘ лаги за нив. Беа немилосрдни“.

video-od-nikola-pelc-i-bekamovi-na-premiera-gi-podeli-mislenjata-probuva-da-ne-zaplache-mu-veruvam-na-bruklin-6.JPG

Сепак, друг извор вели дека иако Бруклин донекаде ја зборува вистината, Дејвид и Викторија веројатно не се свесни дека правеле лошо.

„Точно е дека Дејвид и Викторија како да пробуваат да ги разделат Бруклин и Никола. Ако го сакаат Бруклин, го покажуваат тоа на чуден начин. Имаа можност да се извинат и ја пропуштија“.

video-od-nikola-pelc-i-bekamovi-na-premiera-gi-podeli-mislenjata-probuva-da-ne-zaplache-mu-veruvam-na-bruklin-14.JPG

Во својата објава, Бруклин спомна и дека пред свадбата, родителите го терале да се откаже од своето презиме. Бидејќи презимето Бекам веќе е моќен бренд, Бруклин алудира на тоа дека го натерале да се откаже од правата што му следуваат.

Според некои извори, Бруклин навистина требало да потпише некаков документ, но тој бил поврзан со продажба на акции поврзани со брендот на Бекамови.

„Бруклин требаше да потпише согласност за да ги заштити своите права, бидејќи неговите родители имаат партнери кои имаат права над презимето Бекам. Ова е стандардна процедура за да се заштити семејството.

Бруклин одби да ја потпише согласноста, но ова не направи никаква разлика бидејќи никој нема да му ги украде правата на неговото презиме.

Тажно е што дотогаш Бруклин веќе ги отпушти сите свои советници и ги слушаше само адвокатите на семејството Пелц кои или не го разбрале документот, или намерно го попречувале Бруклин“.

video-od-nikola-pelc-i-bekamovi-na-premiera-gi-podeli-mislenjata-probuva-da-ne-zaplache-mu-veruvam-na-bruklin-3.JPG

Блиските на Бекамови и претходно кажувале дека Бруклин е контролиран од Никола.

Се огласи и поранешниот фризер на Никола кој тврди дека таа е лоша личност.

„Сопругата на Бруклин е една од најлошите ’славни‘ личности со коишто сум соработувал. Таа е виновна, лоша личност е.

Сите знаат колку се блиски членовите на семејството Бекам“, напиша тој во коментар на Инстаграм објава.

video-od-nikola-pelc-i-bekamovi-na-premiera-gi-podeli-mislenjata-probuva-da-ne-zaplache-mu-veruvam-na-bruklin-11.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со ни... Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg