Канје Вест загрижува со потеченото лице и отежнатото движење: „Одамна има проблеми со тежината, сака да се прејадува“
- Детали
- четврток, 22 јануари 2026
Додека Канје Вест голем дел од животот безуспешно пробувал да ја регулира тежината и често се прејадувал со брза и нездрава храна, строго ја контролирал исхраната на сопругата Бјанка. На последните фотки, раперот изгледа потечено, а и тешко се движи, па блиските веќе сериозно се загрижувале за неговото здравје.

Канје Вест и Бјанка Сенсори не се експонираат како на почетокот од нивната врска, но неодамна беа забележани во Лос Анџелес.
Бјанка како и обично беше со минимална облека, но овој пат многу повеќе внимание привлече изгледот на Канје.
Лицето на раперот изгледа подуено, а според очевидците се движел и некако чудно, бавно, па почна да се шпекулира дали можеби има некаков проблем со здравјето.
Сепак, извор близок до раперот вели дека Канје всушност има проблеми со вишокот килограми бидејќи постојано се прејадувал.
„Канје патува многу и постојано јаде по ресторани. Не избегнува леб, а и често јаде тестенини бидејќи е зима и е ладно, па сака да си го наполни стомакот.
Со децении има проблеми со тежината и многу пробува да држи диети, но не му е лесно“.
Но, додека самиот Канје си дозволува да претерува со храна, строго контролира што јаде неговата 30-годишна сопруга.
Кон крајот на минатата година, извор сподели дека Канје ѝ кажува што може, а што не може да јаде и постојано ја тера да биде на строга диета.
Се шпекулира и дека постојано ѝ ги мерел пропорциите за да се осигурел дека не се здебелила.
Во меѓувреме, самиот постојано јадел брза и нездрава храна, а почнал да носи сè поширока облека само за да го скрие вишокот килограми.
Сепак, изворот тврди дека ова не ѝ пречело на Бјанка.
„Повеќето жени не би се согласиле на ова и ќе го гледаат како контрола. Но, на Бјанка ѝ се допаѓа и смета дека сопругот ја поддржува и ѝ помага да изгледа што е можно подобро“.
Друг извор вели дека Канје не бил „чудовиште“ и само ѝ давал препораки на Бјанка. Што се однесоа до мерењето на пропорциите, го правел тоа само кога сакал да дизајнира нешто за неа.
„Канје ѝ вели да вежба секое утро, но не ја контролира. Само ќе ѝ предложи да оди на прошетка или да направи некоја јога вежба. А, доста често и тој вежба со неа“.
Наводно, раперот ѝ забранувал и да се сонча, да се тетовира и да става какви било пирсинзи, вклучувајќи и обетки, бидејќи не сакал да изгледа „како и секоја друга жена“.
Канје Вест и претходно привлекувал внимание со наглата промена на тежината, а некои сметаат дека голем удел во ова има неговата дијагноза со биполарно нарушување.
Покрај тоа што самата состојба може да му ја отежнува грижата за себе, овде се и лековите кои можеби ги пие, а кои можат да бидат причина за дебелеење.
Сепак, неговите блиски сега почнувале повеќе да се загрижуваат бидејќи раперот веќе има 48 години, а нездравиот начин на живот може да го зголеми ризикот од низа проблеми со здравјето.
Спирова С. | Црнобело