Канје Вест и Бјанка Сенсори се лекуваат во ментална клиника на Мајорка за 170.000$ неделно - Зошто се пријавиле сами?

Раперот и неговата сопруга се пријавиле во клиника за рехабилитација во Шпанија, која е еден вид луксузен велнес центар, со бројни, дискретни, програми за третман на своите „гости“, а нуди приватна терапија со врвни доктори, јога сесии, но и гурмански јадења, подготвени од врвни готвачи - и сето тоа за 170.000$ неделно.

kanje-vest-i-bjanka-sensori-se-lekuvaat-vo-mentalna-klinika-na-majorka-za-170-000-nedelno-zoshto-se-prijavile-sami-01.jpg

Канје Вест, познат како Је, се лекува во луксузна клиника за ментално здравје во Мајорка, Шпанија.

Причината за ова, наводно, се тековните правни проблеми кои ги има музичарот и претприемач, но и јавните реакции поврзани со неговото неодамнешно однесување и контроверзни изјави, а кои, наводно придонеле да му се влоши менталното здравје.

kanje-vest-i-bjanka-sensori-se-lekuvaat-vo-mentalna-klinika-na-majorka-za-170-000-nedelno-zoshto-se-prijavile-sami-02_1.jpg

Според RadarOnline, 47-годишниот рапер се пријавил во клиниката за рехабилитација The Balance, која е еден вид на луксузен велнес центар со бројни, дискретни, програми за третман на своите „гости“.

Па, така, секој што оди таму на лекување, има приватна терапија со врвни доктори, јога сесии, но и гурмански јадења, подготвени од врвни готвачи.

Ова задоволство, за лекување во ментална институција која потсетува на спа центар, чини 170.000 долари неделно.

Во клиниката со Канје е и неговата сопруга Бјанка Сенсори.

kanje-vest-i-bjanka-sensori-se-lekuvaat-vo-mentalna-klinika-na-majorka-za-170-000-nedelno-zoshto-se-prijavile-sami-04_1.jpg

Според американските медиуми, „Канје доживеал нервен слом и се лекува во Мајорка“, а каде е, дознале откако негов поранешен вработен поднел тужба за неправедно отпуштање од работа и во документите е наведена моменталната локација на Вест.

Оваа тужба е само еден во големата низа правни проблеми со кои се соочува раперот подолго време.

Тој отворено призна дека се бори со менталното здравје и користењето супстанции, вклучително и зависност од азотен оксид (бинарни соединенија на кислород и азот, кои се многу токсични и регулирани со закон), што е дополнителна причина да оди на лекување.

А бидејќи проблемите станале неиздржливи - тој решил да побара помош и сам да се пријави во клиниката.

Однесувањето на Вест ја загрижи јавноста во февруари 2025, кога на Твитер напиша „Јас сум нацист“ и други навредливи изјави.

Откако неговите објавите наидоа на осуда, тие беа отстранети од оваа социјална мрежа.

Интересно е дека, и покрај тоа што е на лекување во Шпанија, Канје дојде во САД се појави на судењето на Шон „Диди“ Комбс за трговија со луѓе, а кое се одржува во Њујорк.

Тој влегол во судницата на Менхетен заедно со Кристијан „Кинг“ Комбс, како поддршка на Диди и го следел судењето околу 40 минути пред да замине.

kanje-vest-i-bjanka-sensori-se-lekuvaat-vo-mentalna-klinika-na-majorka-za-170-000-nedelno-zoshto-se-prijavile-sami-03_1.jpg

И поддршката што Канје му ја даде на Диди беше предмет на коментари на Твитер:

„Доволни беа 10 минути на судењето на Диди за да се пријави на рехабилитација“.

kanje-vest-i-bjanka-sensori-se-lekuvaat-vo-mentalna-klinika-na-majorka-za-170-000-nedelno-zoshto-se-prijavile-sami-05.jpg

„Дали ќе се брани со лудило, зашто многу луѓе веруваат дека токму тој е дел од другиот „славен пар“ кој се спомнува во судењето на Диди?“

„Канје се појави на судењето на Диди и реши да си го сврти животот на подобро“.

kanje-vest-i-bjanka-sensori-se-lekuvaat-vo-mentalna-klinika-na-majorka-za-170-000-nedelno-zoshto-se-prijavile-sami-03.jpg

„Кога светот станува прегласен, и на милијардерите им треба малку тишина. Ова покажува дека бараат да се излечат, не да се објавуваат наслови за нив. Понекогаш мирот вреди повеќе од публицитетот“.

kanje-vest-i-bjanka-sensori-se-lekuvaat-vo-mentalna-klinika-na-majorka-za-170-000-nedelno-zoshto-se-prijavile-sami-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Бјанка Сенсори - гола, Ријана насмеана до бившиот што ја истепа: Најскандалозни моменти од историјат... Ланското појавување на Бјанка Сенсори е скандал на Греми наградите што уште долг...
Тажната приказна на првиот супермодел од САД: Поминала 60 години во ментална установа, гатачка ѝ ја ... Одри Мунсон се смета за првиот супермодел од Америка, а воедно е и првата актерк...
Не користи шампон, јаде додека се бања: Одвратните навики на Бени Бланко (што Селена Гомез ги игнори... Бесрамно испушташе гасови пред камера на неговиот нов поткаст, самиот има открие...

Најчитани неделава