Не користи шампон, јаде додека се бања: Одвратните навики на Бени Бланко (што Селена Гомез ги игнорира)
- Детали
- недела, 08 март 2026
Бесрамно испушташе гасови пред камера на неговиот нов поткаст, самиот има откриено дека не се тушира редовно и дека некогаш не користи шампон, а во една притоа покажа и дека јаде додека се бања. Поради многуте одвратни навики, фановите ѝ порачуваат на Селена Гомез да се разведе Бени Бланко.

Минатата недела сопругот на Селена Гомез, Бени Бланко, лансира свој поткаст, но наместо содржината, повеќе внимание привлекоа неговите стапала.
Во видеото од поткастот, Бени седи на тросед, а во фокус се неговите боси и валкани стапала.
Видеото почна да се споделува вирално и дел од јавноста му порачува да си ги измие нозете, а некои, пак, почнаа да ја советуваат Селена Гомез да се разведе од него.
„Бени треба да се избања и да најми подобра чистачка“.
„Не гледам ни една минута од поткастот и не ми се верува. Ми се гади од неговите валкани стапала. Селена, што се случува“.
„Ова е одвратно, не знам како Селена го трпи“.
„Селена треба да го остави и да си најде подобар партнер“.
Продуцентот реши и да се огласи за виралното видео во емисијата на Џими Кимел.
Водителот најави дека Бени ќе зборува за видеото со шега:
„Луѓето се фасцинирани од тоа што стапалата на Бени се многу валкани“.
Бени ја искористи можноста да се обрани:
„Најпрво, тоа е вина на објектот (каде што снимавме), а не моја. Подовите беа… Имам одлични стапала. Чекај“.
Потоа Бени ја соблече едната чизма за да покаже дека сега стапалата му биле чисти.
Во емисијата на Кимел гостуваше и раперот кој го снимаше поткастот со Бени, а тој потврди дека подовите биле валкани бидејќи во текот на денот постојано влегувале и излегувале луѓе.
Сепак, иако Бени проба да се одбрани, на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат другите одвратни навики на Бени, а за дел од нив се има пофалено и самиот.
Па, кои се навиките на Бени што ја згрозуваат јавноста?
Испушта гасови пред камера
Повторно во истиот поткаст, Бени Бланко не ни проба да скрие дека испушти гас, и тоа пред микрофонот.
Дури и на шега рече:
„Дечки, да видиме дали ќе го снимите и ова“.
Иако соговорниците во поткастот се насмеаја, според коментарите, јавноста е само згрозена.
