Знаци дека бракот на Селена Гомез и Бени Бланко нема да трае, според фановите на пејачката
- Детали
- сабота, 15 ноември 2025
Мислат дека премногу брзаат со важните одлуки како брак, го сметаат Бени за „антипатичен“ и чудно им е тоа што тој беше добар пријател со Џастин Бибер, бившиот на Селена Гомез.

За помалку од две години, Селена Гомез откри дека е во врска со Бени Бланко, се сврши, па и се венча со него.
Иако пејачката изгледа навистина среќно, нејзините фанови не се најсигурни во нејзиниот избор.
Го критикуваат Бени уште од почетокот на нивната врска, а некои одат дотаму што ја осудуваат на пропаст.
„Црвени знаменца“ во врската на Селена и Бени, според фановите на пејачката:
Бени Бланко и Џастин Бибер беа добри пријатели
Кога јавноста дозна за врската на Селена и Бени, меѓу првите коментари беше дека новиот дечко на пејачката е всушност добар пријател со Џастин Бибер.
Тие првпат соработуваа во 2010-та година и оттогаш заедно имаат издадено неколку хитови.
Но, се оддалечиле кога Бени почнал да се гледа со Селена.
„Џастин се чувствува навредено бидејќи Бени прекина контакт со него кога ја почна врската со Селена“, сподели извор.
Наводно, Џастин пробал повторно да стапи во контакт со него, но безуспешно, па сега воопшто не разговарале.
Бени мислел дека Селена го мрази пред да ја почнат врската
Бени самиот има изјавено дека одамна се познавале со Селена, како и дека тој бил сигурен дека го мрази.
Според некои, ова не е воопшто добар почеток на една врска.
Селена и Бени немале многу заеднички работи, ретко разговарале, а наводно и пријателите на пејачката забележале дека меѓу нив има некаква тензија.
Но, кога се зближиле и почнале да разговараат повеќе, наводно на Селена веднаш ѝ се допаднал.
Фановите од почетокот ја критикуваат нивната врска
Фановите на Селена навистина се многу гласни со критиките кон Бени.
Пејачката дури и реши да се огласи за ова:
„Моите фанови, кои ги обожавам и ми помогнаа да станам подобра личност, ги кажуваат најболните работи за мојот живот.
Но, Бени е силен и вревата не допира до него“.
