Селена Гомез не пропушта одмор со другарките – се сонча во монокини на плажа во Мексико (фото)
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
Не се срами од своето несовршено тело и облечена во розово монокини ужива во забавата со другарките на плажа, но и на јахта во Мексико.

Селена Гомез обожава да поминува време со другарките и изгледа како да не пропушта одмор со нив, па сега повторно е во Los Cabos, Мексико.

По потекло таа е половина Мексиканка, а ова изгледа ѝ е омилено место за женско патување, каде моментално 33-годишната пејачка ужива со својата екипа, меѓу кои е и актерката Нина Добрев.
Облечена во розово монокини, со шешир на глава и очила за сонце, Селена се сонча на плажа, но и се забавува додека ги гледа од страна другарките кои скокаат во вода од јахта.

И покрај тоа што често е мета на критики во јавноста, таа се труди да си го живее животот на свој начин, без да се оптоварува со коментари од страна.

Повеќе фотки од одморот на Селена со другарките:
М. М. | Црнобело
