Селена Гомез и Хејли Бибер повторно „во војна“: „Џастин ја охрабрува сопругата да провоцира“
- Детали
- среда, 22 октомври 2025
„Џастин и Хејли ќе продолжат да додаваат масло на огнот, но Селена не сака да се спушта на нивно ниво“, вели извор според кој пејачката сака да го остави минатото зад себе, додека Џастин ужива во конфликтот и ја поттикнува сопругата да продолжи да провоцира.

Иако не се заедно уште од 2018 година, јавноста уште зборува за врската на Џастин Бибер и Селена Гомез.
Откако Џастин се венча со Хејли, во фокус беше ривалството меѓу неговата сопруга и Селена Гомез, а шпекулациите не прекинаа ни по свадбата на пејачката со Бени Бланко.
Уште откако Џастин и Хејли се венчаа, фановите на Селена постојано ги споредуваат двете жени. Извесен период Хејли се соочуваше и со толку сурови коментари, што Селена реши јавно да ја одбрани.
Но, споредбите и навредите не престанаа.
И Хејли и Селена имаат брендови за продукти за убавина, па споредбите во последно време се насочени кон ова.
Неодамна Хејли и се огласи за постојаните озборувања, а фановите на Селена ја протолкуваа изјавата како „удар“ насочен кон пејачката.
„Многу ме иритира кога ме споредуваат со други луѓе. Никогаш не сум го побарала тоа“.
Извор близок до Селена, пак, вели дека пејачката сака да го остави минатото за себе.
Минатата недела таа сподели и објава на Инстаграм (која сега е избришана) за која се верува дека е насочена кон изјавата на Хејли:
„Оставете ја девојката на мир. Може да каже што сака. Нема никакво влијание врз мојот живот. Бидете добри. Има место за сите. И, се надевам можеме да престанеме со ова“.
За Daily Mail, извори блиски до Селена велат дека таа навистина сака да се дистанцира од целата драма, но не Џастин и Хејли:
„Џастин и Хејли ќе продолжат дa додаваат масло на огнот, но Селена не сака да се спушта на нивно ниво. Но, сите имаат граници.
Главната цел на Селена е никогаш повеќе да не се грижи за Хејли и Џастин. Тие никогаш нема да бидат пријатели и за неа би било добро ако не мора да зборуваат ден со друг“.
Изворот додава и дека Џастин ја охрабрува Хејли да ја напаѓа Селена во јавност бидејќи со тоа покажувала дека го сака.
„Џастин ѝ дозволува на Хејли да каже што сака и ако тоа создаде конфликт, тој ќе остане покрај неа, без разлика дали е поради Селена или нешто друго.
Јавните ’препукувања‘ со Селена покажуваат дека Хејли го сака, а на Џастин му годи тоа. Сепак, Селена сака да покаже зрелост и има разговарано за ова и со нејзиниот сопруг.
Двајцата сметаат дека е подобро да се фокусираат на иднината“.
Селена била свесна дека последната изјава на Хејли, за тоа дека ја споредуваат со други, е наменета за неа и иако прво ѝ одговорила, потоа сепак одлучила да се повлече и затоа ја избришала изјавата.
Сепак, друг извор вели дека Селена и Хејли имаат „професионално ривалство“:
„Нема никаква врска со Џастин, без разлика што фановите сакаат да изгледа така. И, ако Селена и Хејли се најдат во иста просторија, секако дека ќе се однесуваат учтиво една кон друга“.
Прочитајте и: Ја копира, била опседната со нивната врска: Дали Хејли Бибер ѝ го „украла“ Џастин на Селена Гомез?
Спирова С. | Црнобело
