Ја копира, била опседната со нивната врска: Дали Хејли Бибер ѝ го „украла“ Џастин на Селена Гомез?
- Детали
- сабота, 03 мај 2025
Според фановите на Селена Гомез, Хејли Бибер била опседната со неа и ја копирала со цел да ѝ го „украде“ Џастин. Иако шпекулациите звучат лудо, некои фанови на Селена се убедени дека Хејли до денес ја „демне“ пејачката, а веруваат дека имаат и цврсти докази за тоа, како истата тетоважа што ја имаат и двете.
Уште откако ја почна врската со Џастин Бибер, Хејли Бибер се соочува со жестоки критики, па и навреди од страна на фановите на Селена Гомез.
Некои сметаат дека Хејли ѝ го „украла“ Џастин на Селена, а социјалните мрежи се преплавени со „докази“ за ова.
Шпекулациите дека Хејли ја копирала Селена со цел да го освои Џастин периодов само се засилуваат, најмногу поради лошата состојба на пејачот.
Некои сметаат дека Хејли има лошо влијание врз пејачот, а ова има голем удел во неговото бизарно однесување и неговата влошена ментална состојба.
Годинава се појавија низа видеа на ТикТок кои наводно потврдуваат дека Хејли го демнела Џастин и била опседната со неговата врска со Селена, па почнала да ја копира пејачката уште одамна.
Во едно видео се прави споредба на шоуто за готвење на Селена – Selena + Chef и Јутјуб серијалот на Хејли – What’s in My Kitchen.
Во шоуто, Селена прави рецепт со нејзината баба. Хејли, пак, која го сними видеото по емитувањето на шоуто на Селена, исто така прави рецепт со баба ѝ. Се прават спореди и со кадрите и наводно Хејли речиси целосно го копирала шоуто на Селена.
Додека некои се убедени во тврдењата во видеото, други сметаат дека непотребно се шпекулира бидејќи и Селена и Хејли снимаат според сценарио и нормално е двете шоуа да бидат слични бидејќи се за иста тема – готвење.
@protectselgomez This is so scary😳 Hailey Bieber needs help #haileybieber #selenagomez #justinbieber #selenaandchef
♬ original sound - Protect Selena Gomez
Во други ТикТок видеа, фановите на Селена наоѓаат сличности и помеѓу одговорите што ги даваат двете жени во интервјуа.
Во инсертот споделен на едно од видеата, Селена вели:
„Неодамна некој ме праша што е едно нешто што сакам луѓето да го знаат за мене и јас реков ’моето срце‘“.
Потоа има инсерт од интервју со Хејли, во кое таа вели:
„Луѓето не знаеја која сум, не ја знаеја Хејли. И, отсекогаш сум ја имала оваа битка каде велам дека ’би сакала луѓето да го знаат моето срце‘“.
@hai.lie.bald Replying to @Amal 🫡😋 #haileybieber #haileybaldwin #haileybieberedit #jailey #rhodeskincare #Rhode #selenagomez #selenagomezedit
♬ Let Me Go - Daniel Caesar
Се споделуваат и други споредби каде Хејли дава изјави кои се многу слични на работи што ги кажала Селена.
Потоа, некои сметаат дека Хејли копирала и една од тетоважите на Селена. Имено, пејачката ја има истетовирано латинската буква g зад увото во често на нејзината полусестра Грејси.
И Хејли ја има истетовирано истата буква зад увото, наводно во чест на ќерката на нејзиниот свештеник која имала заболување на мозокот.
Некои почнаа да споделуваат и стари твитови од Хејли каде што ги спомнува Џастин и Селена.
На објава од 2011-та, Хејли има напишано:
„Не ми е гајле што велат другите, но Џастин Бибер и Селена Гомез како пар се дефиниција за тинејџерски сон“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





