Ја копира, била опседната со нивната врска: Дали Хејли Бибер ѝ го „украла“ Џастин на Селена Гомез?
Неодамна, Хејли беше обвинета дека уште ја копира Селена. Имено, кратко откако Селена сподели видео од Дизниленд со свршеникот Бени Бланко, Хејли и Џастин споделија фотки исто така во Дизниленд.
Овој пат и Џастин беше мета на критики.
„Џастин Бибер ги гледа фотките на Селена, па ги копира. И двајцата се опседнати со неа“.
„Готово, ме убедивте да верувам во заговорите. Ова е лудо!“
Сега Хејли се соочува со критики дека копирала и говор на Селена Гомез. Пред околу една недела, Хејли држеше говори на доделувањето на модните награди Daily Front Row, каде зборува за нејзиниот бренд Rhode.
„Кога го започнав Rhode, не сакав да основам бренд туку-така. Сакав да создадам цел свет“, вели Хејли.
Во интервју од пред околу четири години, Селена зборува за нејзината линија шминки и вели:
„Не сакав да лансирам линија шминки туку-така. Она што ме интересира е негувањето на убавината однатре“.
Мислењето на јавноста за шпекулациите е поделено. Некои се сигурни дека Хејли го демнела Џастин, а ја спомнуваат и првата средба на парот.
Имено, тие се запознале уште во 2009 година, за време на гостувањето на Џастин во емисија на магазинот Today. Мигот од нивната прва средба е „уловен“ и на камера.
Иако Хејли тогаш е само дете и тие едвај и разговараат еден со друг, некои се сигурни дека Хејли почнала да го демне уште од тогаш.
Други, пак, сметаат дека се оди предалеку со обвиненијата против Хејли и дека сличностите во изјавите се должат на тоа што и таа и Селена се консултираат со ПР тим пред да кажат нешто во јавност.
Па, кога им се поставуваат слични прашања, очекувано е да дадат слични одговори.
Засега ни Селена ни Хејли се немаат огласено за бизарните шпекулации. Единствено пред 2-3 години, Хејли ги демантираше гласините дека им ја растурила врската на Џастин и Селена.
„Со сигурност кажувам дека никогаш не сум била со Џастин додека тој бил во врска со друга – тоа е тоа. Јас не сум личност која се меша во туѓи врски“.
Селена, пак, ги има замолено нејзините фанови да се однесуваат подобро кон Хејли.
„Никогаш не поддржувам жени да се уништуваат една со друга. Никогаш нема да го сакам тоа.
Па, ве молам бидете добри кон сите. Не е важно каква е ситуацијата – ако сте мои фанови, ве молам немојте да бидете неучтиви“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





