Први фотки од Бруклин Бекам и Никола Пелц по скандалот + Нови обвиненија за неа дека го користела и бившиот дечко за слава
- Детали
- петок, 23 јануари 2026
Бруклин и Никола изгледаа добро расположени на првото појавување од скандалозната Инстаграм објава. Но, во меѓувреме, почна да се зборува за врската на Никола со помалиот брат на Бела и Џиџи Хадид. Пред десетина години, Никола наводно пробала да го искористи за слава, исто како што му правела и на Бруклин.

Бруклин Бекам првпат се појави во јавност по онлајн нападот кон неговите родители, каде ги обвинува дека го контролирале и се однесувале лошо со неговата сопруга Никола.
26-годишниот Бруклин беше забележан на плажа на Малибу во друштво на сопругата и нивното куче.
Бруклин и Никола шетаа фатени за рака, а во еден миг тој и ја прегрна сопругата. Јасно е дека се одлично расположени и покрај целата драма, а Никола дури и насмеана позираше со нивното куче.
Со Инстаграм објавата, Бруклин стави до знаење дека не планира да го подобри односот со родителите, а сподели и дека сега, откако се оттргнал од семејството веќе не чувствувал анксиозност и бил многу посреќен.
Мислењето на јавноста уште е поделено во врска со целата ситуација. Истото важи и за изворите кои зборуваат со медиумите.
Според извор на The Mirror, Бруклин воопшто не жали за скандалозната објава, без разлика што се соочува и со критики.
„Повотрно би го направил истото. Сега само сака да си го живее животот со жената што ја сака“.
Но, за Daily Mail, друг извор вели дека најсреќната во целата ситуација е Никола, бидејќи конечно ѝ се исполнила најголемата желба – да биде славна.
„Кај Никола, сè е поврзано со името. Името е она што е важно. Секако, Никола потекнува од многу богато семејство.
Но, иако можеби тие се побогати од Бекамови, презимето Пелц не ги отвора истите врати.
Треба да се запрашате дали јавноста воопшто би знаела која е Никола ако не го сретнеше Бруклин“.
Ова не е првпат Никола да се соочи со вакви обвиненија.
Пред Бруклин, Никола беше во врска со Анвар Хадид кој, пак, е брат на познатите Џиџи и Бела Хадид.
