Први фотки од Бруклин Бекам и Никола Пелц по скандалот + Нови обвиненија за неа дека го користела и бившиот дечко за слава
Другата сестра на славните манекенки, Алана, има изјавено:
„Оваа девојка не сака приватност – цела деценија пробува да стане славна“.
Имено, Алана, Џиџи и Бела биле гневни на Никола поради начинот на којшто ги третирала и им било јасно дека сакала да го искористи за слава.
Тие ја почнале врската во 2016-та, во период кога Никола се преселила во Холивуд за да си ја проба среќата.
Се претпоставува дека овде ги запознала Бела и Џиџи кои, пак, ја запознале со брат им Анвар.
Анвар е четири години помлад од Никола и тој период имал 17 години, а работел како модел за долна облека.
Никола веднаш почнала да му покажува на светот дека е како дел од семејството Хадид и постојано објавувала фотки на Инстаграм со Јоланда Хадид, мајката на Џиџи и Бела.
Тврдела дека се „најдобри пријателки“, а редовно им се „упикувала“ и на Џиџи и Бела кои уште тој период беа меѓу најпознатите модели.
Во интервју, Никола дури и отворено зборуваше колку го сака семејството на дечко ѝ.
„Искрено, тој е ангел. Прекрасна личност е. Доаѓа од прекрасно семејство. Џиџи и Бела се многу слатки. Многу го сакам неговото семејство. Тие се женствени, силни жени“.
Неполна година подоцна, Никола и Анвар раскинаа, а дотогаш Бела и Џиџи веќе почнале да ја презираат.
Сметале дека Никола го контролира, а дури и Јоланда пробувала да му докаже на Анвар дека таа не е добра за него.
„Мајка му и сестрите на Анвар беа загрижени дека станува многу несреќен во врската и сакаа да му помогнат брзо да излезе од неа.
Возрасната разлика им пречеше. Исто како и карактерот на Никола.
На почетокот беа добри, но со текот на времето сфатија дека врската не е најдобра опција за Анвар. Јоланда беше пресреќна кога конечно раскинаа“.
Сега, наводно, блиските на Бекамови ја споредувале врската на Никола и Анвар со онаа со Бруклин и се плашеле дека се случува истото.
„Не е само Викторија, истото ѝ се случи и на Јоланда. Бекамови и семејството Хадид се многу слични“.
Спирова С. | Црнобело
