Викторија Бекам првпат прозборе за Бруклин: „Секогаш пробуваме да бидеме добри родители“
- Детали
- петок, 17 април 2026
„Да се биде родител на мали и возрасни деца, многу е различно. Мислам дека го даваме најдоброто од себе“, изјави Викторија Бекам во интервју, откако беше прашана за нарушениот однос со најстариот син Бруклин.

По објавата на Бруклин Бекам во која ги обвинува родителите дека го контролирале и му создавале анксиозност, Дејвид и Викторија молчеа.
Впрочем, тие немаа спомнато ништо уште откако јавноста дозна дека во семејството има некаков проблем.
Освен повремените објави на кои суптилно го спомнуваат Бруклин, Дејвид и Викторија не ги споделуваат своите ставови и мислења за целата ситуација.
Но сега, по повеќе од една година молк, Викторија реши да зборува, иако ни сега не го спомна името на Бруклин.
Во интервју за Wall Street Journal, Викторија беше прашана за нарушениот однос со Бруклин.
„Мислам дека секогаш – ги сакаме нашите деца многу – секогаш пробуваме да бидеме најдобрите родители. И, знаете, јас сум јавна личност повеќе од 30 години и сè што пробуваме да направиме е да ги заштитиме нашите деца и да ги сакаме нашите деца.
И, знаете, тоа е сè што сакам да кажам за ова“.
Викторија беше прашана и дали жали што поради неа нејзините деца морале да растат пред очите на јавноста.
„Не би рекла дека е вина, би рекла дека имаше многу адаптирање за мајка ми и татко ми, кога одеднаш имаше папараци пред нивната куќа.
Навистина ги понесовме нашите семејства на ова патување со нас“.
Дизајнерката истакнува и дека е многу поразлично да се грижи за мали и големи деца.
„Да се биде родител на мали и возрасни деца, многу е различно. Мислам дека го даваме најдоброто од себе“.
Бруклин последен пат се појави во јавност со родителите во септември во 2024 година. Тогаш присуствуваше на модна ревија на мајка му во Париз.
Откако престана да се појавува со нив и почна да е шпекулира дека има некаков проблем, се дозна дека им забранил на Бекамови да го контактираат директно. Односно, единствената комуникација им била само преку адвокатите.
Потоа, пред Нова година, Бруклин ги блокира на Инстаграм.
Во целата драма, тој напиша и долга порака во која тврдеше дека родителите го контролирале, сакале да му го уништат бракот и дека брендот „Бекам“ им бил поважен од сè.
Спирова С. | Црнобело