Познат пејач обвинет за суровото убиство на тинејџерка: Го скрил телото во 2 вреќи, во автомобил во Холивуд
- Детали
- четврток, 30 април 2026
14-годишната Селест Ривас Хернандез се водеше за исчезната од 2024-та, а во април минатата година нејзиното тело беше пронајдено во напуштен Tesla автомобил. Возилото му припаѓало на познатиот пејач Дејвид (D4vd) кој беше уапсен скоро цела година по наоѓањето на телото. Поради суровоста на убиството, обвинителите спомнаа и смртна казна.

Пејачот D4vd (или Дејвид) е обвинет за убиство и сексуално малтретирање на 14-годишна девојка, чие тело било исечено по ладнокрвното убиство.
Телото на Селест Ривас Хернандез беше пронајдено во септември минатата година, во Tesla автомобил кој подоцна се покажа дека е во сопственост на Дејвид.
Дејвид беше обвинет дури во април годинава, а судењето, кое ќе се одржи во Лос Анџелес, ќе започне утре (01.05).
Адвокатскиот тим на Дејвид негира вина, но по сè изгледа дека доказите го покажуваат спротивното.
Што знаеме за грозоморното убиство?
Селест Ривас Хернандез живеела во Калифорнија, а нејзините родители биле доселеници од Ел Салвадор.
Девојчето веројатно имало проблеми во семејството и во последната година од нејзиниот живот, трипати избегала од дома.
Последен пат побегнала во април 2024-та, а следниот месец стапила во контакт со нејзиното семејство.
Но, оттогаш се водела како исчезната.
Дејвид Бурк, од друга страна е американски пејач и текстописец кој е доста успешен. Пред случајот со Селест, тој најави и светска турнеја.
Обвинителите претпоставуваат дека Дејвид и Селест се запознале во 2022-ра, кога девојчето имало 11 години.
Тие почнале сексуална врска кога Селест имала 13, а Дејвид 18 години.
Нивната врска ја потврдува и мајката на Селест, која вели дека ќерка ѝ навистина имала дечко кој се викал Дејвид.
Според неа, тие имале и идентични тетоважи.
Досегашната истрага покажала дека Дејвид и Селест веројатно раскинале во ноември 2024-та, но продолжиле да комуницираат, а потоа и да имаат односи.
Во април минатата година, тие наводно имале голема расправија преку пораки – Селест му се налутила бидејќи се гледал со други девојки.
На 9-ти септември, Дејвид имаше концерт во Минеаполис, додека телото на Селест беше откриено претходниот ден, во Лос Анџелес.