Пејачот Ne-Yo со 4-те девојки на шопинг, откако откри детали од бизарната врска: „Имаме распоред, а се дружиме и заедно“
- Детали
- петок, 12 септември 2025
„Јас го правам распоредот бидејќи сум најмногу зафатен и секогаш имам некоја обврска. Сите се согласуваат една со друга“, изјави пејачот за неговата бизарна врска со четири жени.

Пејачот Ne-Yo, чие вистинско име е Шафер Чимер Смит, во раните 2000-ти ги имаше своите пет минути слава.
Со хитовите So Sick, Closer и Let me Love You, тој успеа да стане и светски познат пејач.
Ne-Yo и денес е активен на музичката сцена, но многу повеќе внимание привлекува со љубовниот живот.
45-годишниот музичар е во врска со четири жени истовремено, а пред неколку месеци ги откри и нивните идентитети.
Пејачот, кој има седум деца со три други жени, сподели објава на Инстаграм во која ги претстави неговите девојки.
„Бидејќи светот е толку заинтригиран, изгледа треба соодветно да ги претставам моите девојки. Дами и господа, ви ја претставувам мојата пирамида“.
Девојките на Ne-Yo се танчарката Бриона Вилијамс, фотографката Ариел Хил, како и два модела од OnlyFans – Монеи и Кристина.
На крајот од објавата, тој додава:
„Кажете нешто убаво или продолжете си со животот. Ние овде сме среќни“.
Кратко пред објавата, пејачот даде интервју во кое зборуваше за невообичаената врска со четирите жени, а сподели и дека имале распоред.
„Јас го правам распоредот бидејќи јас сум најмногу зафатен и секогаш имам некоја обврска“.
Тој вели и дека ниту една од девојките не живее со него, но минува доволно време со сите.
Кога одел на турнеја, земал една девојка, па по седум денови ја враќал дома и земал друга, и на овој начин сите биле среќни.
„Сите се согласуваат една со друга и не ни е проблем да се дружиме сите заедно. Но, најважно е да се разбере дека ова се четири посебни жени на кои им треба индивидуално време“.
Зад себе, пејачот има бројни скандали со изневерување, па вели дека подобро му е да биде во врска со повеќе жени, отколку да лажел и изневерувал една.
„Не ги присилувам на ништо, не им давам лажна надеж. Нема ништо такво. Постои искреност. Едноставно им ја кажувам вистината“.
Пејачот и лани зборуваше за неговиот љубовен живот, но тогаш не ги откри идентитетите на девојките. Тој изрази желба и да се легализира полигамијата.
„Не знаев дека била нелегална. Треба луѓето да прават што сакаат. Не ми е јасно како повредуваме некој со ова.
Искрено, не ми треба државата да ми кажува што да правам со мојот приватен живот“.
Ne-Yo тогаш сепак додаде и дека овој начин на живот не е за секого:
„Не му препорачувам ништо на никој – она што функционира за мене, може да не е добро за вас, и обратно“.