Блејк Лајвли тажна и неуредна, ги трпи последиците од стресниот период – Рајан Рејнолдс ужива без неа на Бермудите
- Детали
- вторник, 12 мај 2026
На последните папарацо фотки, Блејк Лајвли е со лежерна облека, без шминка и со неуредна коса, а делува и доста тажно и загрижено. Иако направи спогодба и избегна судење, таа допрва треба да си ја поправи репутацијата. Рајан Рејнолдс од друга страна деновиве си поминува одлично на Бермудите, без семејството.

Иако на Мет галата изгледаше спектакуларно, целиот стрес веројатно „ја стигна“ Блејк Лајвли.
Во саботата (09.05) Блејк беше забележана со група пријатели во гратче во државата Њујорк.
38-годишната актерка беше без шминка, со неуредна коса и во лежерна облека, а на сите фотографии делува загрижено, дури и тажно.
Блејк беше фотографирана и како дели кафе со нејзина пријателка.
Во меѓувреме, нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс е на Бермудите, каде што ќе учествува во натпревар за едрење.
За разлика од Блејк, Рајан изгледа одлично расположен на папарацо фотките, иако претходно се шпекулираше дека целиот случај со Џастин Балдони ја разнишал стабилноста на нивниот брак.