Блејк Лајвли тажна и неуредна, ги трпи последиците од стресниот период – Рајан Рејнолдс ужива без неа на Бермудите
За потсетување, Блејк и Џастин Балдони направија спогодба и избегнаа судење.
Но, сега Блејк ќе пробувала да си ја спаси репутацијата која тврди дека била уништена поради кампања на Џастин.
„Блејк беше неверојатно храбра што истапи за себе и за другите во тој момент и ќе продолжи да го поплочува тој пат“, сподели нејзиниот адвокат.
Од друга страна, адвокатот на Џастин тврди дека актерката се согласила на спогодба бидејќи се плашела да сведочи.
„Судењето ќе ги разоткриеше нејзините лаги. Дел од причината зошто Блек направи спогодба е тоа што се плашеше да сведочи на судењето.
Не сакаше никој да ја испрашува бидејќи тогаш ќе мораше да ја каже вистината“.
И самиот Рајан беше вплеткан во целата драма и наводно одамна ја молел Блејк да направи спогодба, а токму ова била причината за раздорот меѓу нив.
Сепак, и покрај можните проблеми, Рајан ѝ го честита Денот на мајката на Блејк.
Но, за разлика од шеговитите објави по кои беа познати, сега сподели две фотки од нив со краток опис:
„Ја ценам оваа мајка повеќе од сè. Добра. Бестрашна е. Таа е љубовта на мојот живот – и за нашите четири мали деца, таа е љубовта на нивните животи“.
Спирова С. | Црнобело