Фотосесија за која се срамела цел живот, желбата да стане мајка: Мерилин Монро си ја „отворила душата“ во последното интервју

Последното интервју на Мерилин Монро е направено неполн месец пред нејзината смрт, а првпат беше објавено дури сега. Во него актерката искрено зборува за неисполнета желба да стане мајка, голата фотосесија што ја прогонувала цел живот, но и инцидентот кога толпа фанови ѝ отвориле рана од операција.

fotosesija-za-koja-se-sramela-cel-zhivot-zhelbata-da-stane-majka-merilin-monro-si-ja-otvora-dushata-vo-posledno-intervju-01.jpg

Мерилин Монро е толку голема ѕвезда и неколку децении по нејзината смрт, што се чини дека јавност веќе знае буквално сè за неа.

Но, иако сите знаат и за најтешките и најмрачните периоди од животот на актерката, нејзиното последно интервју ја открива нејзината „човечка“ страна, настрана од холивудскиот гламур.

Мерилин почина во 1962-ра, на само 36-годишна возраст од предозирање, а последното интервју го направи со уредникот на магазинот Life три недели пред смртта.

fotosesija-za-koja-se-sramela-cel-zhivot-zhelbata-da-stane-majka-merilin-monro-si-ja-otvora-dushata-vo-posledno-intervju-09.JPG

Сè досега, интервјуто со Ричард Мериман не беше достапно за јавност, но неделава беше објавено во целост, во книгата Marylin: The Lost Photographs, The Last Interview.

Мерилин го направила интервјуто во нејзината куќа во Лос Анџелес и искрено зборува најсрамната фотосесија од нејзиниот живот, болката што никогаш не основала семејство, но и многуте проблеми што ѝ ги донела славата.

Со други зборови, во своето последно интервју, Мерилин си ја „отвора душата“, и тоа неполн месец пред да изврши самоубиство.

fotosesija-za-koja-se-sramela-cel-zhivot-zhelbata-da-stane-majka-merilin-monro-si-ja-otvora-dushata-vo-posledno-intervju-02.JPG

Најемотивните моменти од последното интервју на холивудската ѕвезда:

Скандалот со голата фотосесија

Во 1949-та, на 22-годишна возраст, Мерилин позирала гола за фотографот Том Кели.

Тој период била невработена актерка, без пари, па се согласила да ја направи голата фотосесија за да заработи нешто.

Подоцна, Хју Хефнер, кој не криеше дека бил опседнат со Мерилин, платил 500 долари за авторските права на фотографиите, па ги искористи за првото издание на неговото списание Playboy.

fotosesija-za-koja-se-sramela-cel-zhivot-zhelbata-da-stane-majka-merilin-monro-si-ja-otvora-dushata-vo-posledno-intervju-05.JPG

Во интервју Мерилин зборува за моментот кога фотографите биле издадени и открива дека тој период веќе почнала да се прославува, но имала и потпишано договор со 20th Century Fox.

„Зажалив што студиото дозна за фотографиите. Бев засрамена бидејќи си помислив ’Боже, ете ме со разголен задник‘“.

Мерилин го опишува и моментот кога ја направила фотосесијата. Вели дека доцнела за кирија четири недели, а кога влегла во студиото, фотографот само ѝ рекол веднаш да соблече сè.

„Ме намести на црвен кадифен прекривач. Ми беше непријатно, но фотографот и неговата сопруга беа многу добри.

Никогаш не помислував дека некогаш ќе завршам гола на црвено кадифе. На крај ми плати 50 долари“.

fotosesija-za-koja-se-sramela-cel-zhivot-zhelbata-da-stane-majka-merilin-monro-si-ja-otvora-dushata-vo-posledno-intervju-07.JPG

Бројни семејни проблеми

Мајката на Мерилин била дијагностицирана со шизофренија поради што била и хоспитализирана. Па, актерката го поминала детството во 11 различни сиропиталишта.

Во интервјуто, таа вели дека нејзиното детство било мрачно и тешко.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Мистериозната смрт на ќерката на актерот од Men in Black: Ја нашле во хотел, 3 пати ја апселе за дро... На Нова година, неколку часа по полноќ, ќерката на актерот Томи Ли Џонс била про...

Најчитани неделава