Мистериозната смрт на ќерката на актерот од Men in Black: Ја нашле во хотел, 3 пати ја апселе за дрога и насилство
- Детали
- петок, 02 јануари 2026
На Нова година, неколку часа по полноќ, ќерката на актерот Томи Ли Џонс била пронајдена мртва во хотел во Сан Франциско. Засега ни полицијата не знае апсолутно ништо за неочекуваната смрт на 34-годишната жена, но минатата година трипати била уапсена – и за дрога, и за семејно насилство.

Ќерката на Томи Ли Џонс, актерот најпознат по улогата во Men in Black, беше пронајдена мртва на 1-ви јануари во хотел во Сан Франциско.
Викторија Џонс, која имаше само 34 години, била пронајдена на подот на 14-тиот кат од хотелот, од страна на гостин.

Помислил дека е само пијана и заспана, па ги известил вработените, но штом пристигнале сфатиле дека не дише и веднаш повикале брза помош.
Надлежните од Сан Франциско открија дека го добиле повикот околу 3 часот по полноќ. Но, штом пристигнала брзата помош, констатирале дека е мртва.
Наводно засега немало докази дека Викторија била нападната бидејќи немал повреди. Исто така, не било откриено дека користела дрога, ниту, пак, имало знаци дека самата си го одзела животот.

Целиот случај е обвиен со мистерија бидејќи не се знае ни дали Викторија престојувала во хотелот, ниту како завршила на 14-тиот кат.
Според извор на Daily Mail, полицијата не знаела апсолутно ништо, па затоа и објавија соопштение во кое бараат какви било информации од луѓето што ја знаат.

Томи Ли Џонс ја доби Викторија со неговата прва сопруга, а како татко ѝ, и таа беше активна во филмската индустрија.
Нејзината прва улога беше во второто продолжение на Men in Black од 2002 година, каде што татко ја има една од главните улоги.
Потоа доби уште неколку мали улоги во серии и филмови, по што одлучи да ја прекине актерската кариера.

Но затоа, пак, честопати го придружуваше татко ѝ на премиери.
Татко ѝ Томи Ли Џонс честопати има зборувано за ќерка си, особено за нејзиниот талент за глума.
Викторија не била скандалозна личност, барем до минатата година,
Според The New York Post, минатата година била уапсена најмалку трипати.

Во април била уапсена за нарушување на јавниот ред и мир бидејќи била под дејство на дрога.
Следниот месец била уапсена исто така за дрога, додека во јуни ја уапсиле поради семено насилство и малтретирање на постара личност.
Сепак, била ослободена со кауција, додека за претходните две апсења тврдела дека е невина.

Нејзините родители немаат спомнато ништо за наводната зависност од дрога на Викторија, но поради однесувањето во минатата година, се шпекулира дека можеби станува збор за предозирање.
Иако Викторија на себе немала наркотици, засега за јавноста не се познати резултатите од токсиколошката анализа.
Спирова С. | Црнобело