Бела Хадид на Кански филмски фестивал со помалиот брат – беше во врска со Никола Пелц, и него го скарала со родителите
- Детали
- вторник, 19 мај 2026
Анвар Хадид, помалиот брат на Џиџи и Бела Хадид, имаше ретко појавување на Канскиот филмски фестивал. Од 2016 до 2018 година тој беше во врска со Никола Пелц која наводно го контролирала, го користела за слава, па дури и го скарала со неговите родители – слично како ситуацијата со Бруклин Бекам.

Периодов се одржува 79-тото издание на Канскиот филмски фестивал, а во неделата (17.05), на премиерата на филмот Garance, Бела Хадид се појави со нејзиниот брат.
Иако сестрите Хадид се меѓу најпознатите модели во светот, брат им Анвар избира да се држи понастрана од јавност.
Па, беше изненадување што решил да ја придружува Бела на познатиот фестивал.
На премиерата, Бела се појави со долг елегантен фустан, додека 26-годишниот Анвар носеше црн костум.
Подоцна Бела го промени аутфитот и се појави со фустан украсен со дијаманти.
Слично како неговите сестри, претходно Анвар работеше како модел, но вели дека набрзо сфатил дека оваа професија не е за него.
„Плачев кога ме фотографираа додека бев мал. Па, тоа што не тргнав по стапките на моите сестри не беше изненадување за моето семејство. Ми веруваат и ме поддржуваат“, има изјавено во интервју.
Моментално Анваре активен во музичката индустрија и има свој бенд – HowVanish – а истовремено има и бренд за модни додатоци – Obsidien.
Но, периодов можеби најпознат е како бившиот дечко на Никола Пелц.