Бела Хадид на Кански филмски фестивал со помалиот брат – беше во врска со Никола Пелц, и него го скарала со родителите
Врската на Анвар и богатата наследничка повторно се најде во фокус кога почна целата драма со Бекамови и нејзиниот нов сопруг – Бруклин Бекам.
Според извори блиски до Хадид, Никола го контролирала Анвар и сакала да ја искористи славата на неговото семејство, со надеж дека самата ќе стане ѕвезда.
Анвар и Никола ја почнаа врската во 2016-та, кога тој имаше 17, а богатата наследничка 22 години.
Според изворите, Никола не му дозволувала да излегува и да се дружи со други луѓе, освен со неа, а доста чести биле и караниците меѓу нив.
„Никола многу го контролираше Анвар и го искористуваше, па неговото семејство до денес зборува за неа и за тоа колку му е подобро откако раскинаа.
Бараше само таа да му биде приоритет и ако не беше како што таа сака, избувнуваше“, открива извор за Daily Mail.
Друг извор додава дека поради Никола, Анвар извесен период не зборувал со неговото семејство.
„Никола не му забрани да зборува со нив, но го сакаше целото неговото време. Па, кога би можел да разговара со неговото семејство? Денот има само 24 часа. Беше тинејџер, па Никола му беше најважна“.
Откако Бруклин се огласи за конфликтот со неговите родители, за целата ситуација прозборе и полусестрата на Анвар – Алана – која исто така има лошо мислење за Никола.
„Таа девојка (Никола) воопшто не сака приватност. Цела деценија пробува да стане славна“.
Иако врската била мошне токсична, Никола и Анвар беа заедно цели четири години.
Не се познати многу детали од раскинувањето, но наводно мајката на Анвар, Јоланда Хадид, драстично го заладила односот со Никола и имала удел во разделбата.
Само една година подоцна, Никола ја почна врската со Бруклин Бекам.
По Никола, Анвар беше во врска со Дуа Липа и останаа заедно до 2021 година.
Врската веројатно беше сериозна бидејќи заедно се појавува и на важни настани.
Спирова С. | Црнобело