Се омажи за братучед и од инцестот роди дете - Скандалозната љубов на актерката Грета Скаки
- Детали
- сабота, 13 јуни 2026
Грета Скаки, која беше во брак со својот братучед Карло Мантега, признала дека најтешко ѝ било да му каже на нејзиниот татко, кој отсекогаш бил близок со својот внук, дека треба да му стане зет.

Грета Скаки, актерката со италијанско-британско потекло, градеше успешна кариера во 1980-те и 1990-тите години. Но скандалозната љубовна приказна, со нејзиниот братучед, ѝ затвори многу врати во Холивуд.
Семејната ситуација била ужасна, медиумите ја оцрнувале, а кога забременила, се плашела дека ќе биде принудена да абортира.

Романсата на Грета и Карло Мантега започнала сосема неочекувано.
Пред да станат љубовници, биле блиски како роднини, па Грета подоцна признала дека развојот на настаните ја изненадил.
„Тоа се случи една ноќ тој дојде кај мене и тоа ми беше целосен шок. Долго време бевме пријатели и пред да се случи тоа никогаш порано не гои гледав на тој начин“, рекла таа.

Најголемиот страв не ѝ бил поврзан со самата врска, туку поради реакцијата на семејството и околината кога ќе се дознае дека се заедно.
Ова особено го погодило нејзиниот татко, познатиот италијански сликар Лука Скаки, кој бил многу близок со неговиот внук Карло.

Несогласувањата кои настанале по ова, предизвикале сериозни семејни тензии, а некои роднини и отворено го изразиле незадоволството поради нивната врска.
„Дефинитивно бев преплашена од тоа и загрижена како да им кажам на луѓето, особено на семејството.
Некои роднини од италијанската страна беа многу огорчени.
Беше особено тешко за мојот татко, бидејќи Карло му беше омилен внук. Тие беа блиски и не разговараа долго време по ова“, раскажала актерката.
