Елизабет Харли во жолти бикини на 61-иот роденден - Го покажа извајаното тело, дечкото ѝ изјавува љубов
- Детали
- петок, 12 јуни 2026
„Стравував дека со секоја измината година мојот живот ќе стане помалку возбудлив и дека ќе се заморувам сè повеќе и повеќе... но со задоволство ви кажувам дека ако издржите и ја држите главата горе, ништо не може да биде подалеку од вистината“, напиша Елизабет Харли во роденденската порака до самата себе.

Актерката Елизабет Харли, која е една од најзгодните жени во светот и покрај тоа што е во седмата деценија, пред два дена (10 јуни) наполни 61 година.
Се чини дека годините за Харли се само бројка, а таа изгледа како да е во своите 30-ти години.

Актерката не откри како го прославила роденденот, но си честиташе самата на себе преку објава на Инстаграм.
На фотката таа е во жолти бикини, кои го откриваат нејзиното извајано тело и совршената фигура.

„Нека ми е среќен роденденот! Стравував дека со секоја измината година мојот живот ќе стане помалку возбудлив и дека ќе се заморувам сè повеќе и повеќе... но со задоволство ви кажувам дека ако издржите и ја држите главата горе, ништо не може да биде подалеку од вистината.
Денес го сакам мојот живот. Навистина сум благословена и благодарна што сум опкружена со најнеобични пријатели и семејство, кои ми го прават животот многу подобар и кои ги сакам со сето мое срце.
Оваа година беше ми понуди пеколно возење и едвај чекам да видам што е следно“, напиша таа.
Роденденот ѝ го честиташе и нејзиниот дечко, кантри-пејачот Били Реј Сајрус, инаку татко на Мајли Сајрус, кој е во врска со актерката повеќе од една година.
Тој јавно ѝ изјави љубов и ја нарече „љубовта на неговиот живот“.
„Нова година, нов бакнеж за љубовта на мојот живот. Среќен роденден на мојата сакана“, напиша тој.
Актерката во коментар му врати дека и таа го сака.