Објавува бизарни видеа за вонземјани, по 5-те тужби од ученички: Како Џејмс Франко си ја уништи кариерата?
- Детали
- недела, 28 јуни 2026
На ТикТок, Џејмс Франко почна да објавува бизарни видеа во кои вели дека се случувало нешто „многу сериозно“ и наскоро ќе откриел нешто „многу лудо“. Некои мислат дека ова е некаква промоција за филмот со кој планира да направи камбек, откако 5 жени го тужеа дека сексуално ги вознемирувал додека биле ученички во неговото училиште по глума.

Некогаш миленик на публиката со номинација за Оскар, а денес еден од низата актерки кои „исчезнаа“ – Џејмс Франко изгуби многу по обвиненијата за сексуално вознемирување.
Неговата кариера тргна во надолна линија, веќе не комуницира со некои од најдобрите пријатели како Сет Роген и скоро никој не го смета за релевантен.
Но, актерот како да пробува да се врати во фокусот на вниманието, и тоа со чудните видеа што ги објавува на ТикТок.
Профилот на актерот изгледа како да е нов и првото видео е објавено на 3-ти јуни.
На профилот стои името на актерот и описот „Најдов нешто“, а веќе го следат речиси 1 милион корисници.
Некои коментираат дека видеата се можеби направени со вештачка интелигенција, а други се уверени дека целта на профилот е всушност промоција на филм.
Сепак, во едно од видеата, актерот вели:
„Здраво, ова е Џејмс Франко. Јас, навистина Џејмс Франко. Тука сум во мојата куќа. Не промовирам ништо.
Го направив профилот бидејќи се случува нешто сериозно. И, гледајте, ова е реалност. Јас сум, не е вештачка интелигенција“.
Потоа тој покажува лист хартија на кој е напишано името на профилот, како доказ дека е тој, па вели:
„Се случува нешто сериозно, затоа ве контактирам, затоа го правам ова. Знам, можеби изгледам лудо…
Не можам сега да откријам многу. Само треба да ме заследите… Ќе ви покажам нешто лудо“.
Има уште неколку слични видеа и бидејќи се навистина бизарни, многумина сепак се уверени дека е вид промоција за неговиот нов филм – Love Meets the Sunshine – со кој актерот планира да го направи својот камбек во индустријата.
Впрочем, Џејмс веќе активно работи на тоа да си ја спаси кариерата – годинава се појави на Канскиот филмски фестивал, а имаше мали улоги и во неколку независни филмови.
Неговите обиди да се врати назад малку беа блокирани благодарение на Сет Роген, еден од некогашните најблиски соработници на актерот.