Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошката тортура“
- Детали
- понеделник, 07 јули 2025
„Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заблагодарувам бидејќи ме научи како НЕ треба да се однесувам со моите деца“, изјави Џони Деп за трауматичното детство во ново емотивно интервју.

По бурниот развод и судењето со Амбер Херд, Џони Деп успеа да се врати на нозе и да си ја спаси кариерата во Холивуд.
Но, драмата со поранешната сопруга не е единствениот тежок период од животот на 62-годишниот актер.
Како што самиот има откриено, актерот пораснал со насилна мајка и целото детство му било исполнето со трауми.
Во ново емотивно интервју за The Telegraph, актерот се присетува дека мајка му била непредвидлива и честопати насилна.
„Ме удираше со стап, со чевел, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заблагодарувам за тоа. Бидејќи, таа ме научи како не треба да се однесувам со моите деца.
Ме научи дека треба да го правам спротивното од тоа што го правеше таа“, вели актерот кој има две деца со Ванеса Паради.
Џони Деп зборуваше за неговата мајка и за време на судењето со Амбер Херд.
„Во нашиот дом немаше никаква безбедност, единствено можев да пробувам да се држам настрана од огнот. Мајка ми беше многу непредвидлива. Имаше способност да биде мошне сурова“, изјави тој во 2020-та.
Кога актерот имал седум години, со родителите, двете сестри и брат му цела година живееле во мотел, додека татко му да успее да најде работа.
И, овој период бил еден од најлошите од неговото детство.
„Физичко насилство, физичко малтретирање – тоа беше константа. Како да имавме посттрауматско стресно нарушување – кога поминуваше, пробувавме некако да се заштитиме бидејќи не знаевме што ќе се случи.
Беше насилна и беше мошне сурова. Имаше физичко насилство, се случуваше да нè удри со пепелник или со штикла или телефон или што и да има при рака“.
Сепак, актерот истакна дека многу потешко му било да се справи со психичкото насилство.
„Вербалните навреди, психолошкото малтретирање беа можеби и полоши од тепањето. Тепањето беше само физичка болка. И, можете да научите да се справите со физичката болка, да научите да ја прифатите“.
Во друго неодамнешно интервју, актерот повторно се присети на разводот и судењето со Амбер Херд и откри дека многу пријатели го напуштиле.
Покрај тоа што добивал откази, актерот вели дека оние кои ѝ верувале на Амбер, му свртеле грб, но дека сепак им простува.
„Ќе ви кажав што навистина боли. Има три лица кои ме оставија. Овие луѓе дури доаѓаа на роденденските забави на моите деца.
Но, ги разбирам луѓето кои не можат да застанат на моја страна бидејќи страв им е дали ќе го направат вистинскиот избор“.
Спирова С. | Црнобело
