Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки
- Детали
- вторник, 05 август 2025
Елен Де Џенерис беше обвинета за расизам и омаловажување на вработените во шоуто - јавноста никогаш не ѝ прости. Кои други ѕвезди станаа омразени преку ноќ поради своите постапки?

Стотици илјади луѓе во светот сонуваат да успеат и да станат светски познати музичари, спортисти или актери. Но, само на мал број од нов, тоа навистина им успева.
И покрај годините што ги поминале во обид да се искачат на врвот, дел од нив не успеваат да останат таму.
И не поради лошиот избор на улоги, или песни, туку поради скандали, кои преку ноќ како да им ја уништуваат кариерата, а ѕвездите од омилени, стануваат омразени.
Во продолжение, 12 светски ѕвезди кои преку ноќ ја изгубија кариерата, а само поради еден скандал или грешка:
Канје Вест
Најбогатиот рапер во историјата како да почна да полудува, а големото его го направи омразен и меѓу фановите.
Тој јавно се појавуваше со качулка во стилот на Кју Клукс Клан, и маичка „Белите животи се важни“ (White Lives Мatter), а направи и песна во која го глорифицира Адолф Хитлер.

О Џеј Симпсон
Рагби ѕвездата во 1994 година беше обвинет дека ги убил екс-сопругата Никол Браун и нејзиниот пријател Рон Голдман, но беше ослободен.
Во 2007 година беше обвинет со вооружен грабеж и киднапирање и осуден на 33 години затвор.

Елен Де Џенерис
Иако беше омилена водителка на публиката, кариерата ѝ тргна надолу кога 11 вработени ја обвинија за лошо однесување, омаловажување и расизам.
Таа брзо потоа најави дека се повлекува и ги снима последните епизоди од The Ellen Show.

Амбер Херд
Кога се појави во Холивуд ја следеше репутација на нежна русокоса.
Но по бурната врска со Илон Маск и бракот со Џони Деп, во кој актерот ја обвини за насилство и откри бизарни детали од нивниот живот, таа остана без неколку улоги.
Се пресели во Шпанија, и доби три деца преку сурогат мајка.

Ар Кели
Најпопуларниот аренби музичар од крајот 1990-тите си ја уништи кариерата кога во 2002 година беше обвинет за детска порнографија.
Иако беше прогласен за невин, во 2019 година повторно беше обвинет за истото дело, овој пат со нови докази и сведочења - по ова доби 31 година затворска казна.

Кевин Спејси
Во 2017-та, актерот беше обвинет од неколку мажи за сексуално злоставување, по што ги изгуби сите улоги и се пресели далеку од Холивуд, а во јавноста се појавува само за судење или ако оди на снимање (доби неколку помали улоги оттогаш до денес).

