Амбер Херд и уште 11 светски ѕвезди кои преку ноќ станаа омразени поради своите грешки
Вил Смит
Сите се сеќаваат на моментот, кога среде преносот во живо на Оскарите, Вил Смит стана, излезе на сцената и му удри шлаканица на водителот Крис Рок.
Истата вечер освои Оскар, потоа јавно се извинуваше за непромисленоста, но публиката го замрази, а во Холивуд веќе не го ангажираат.

Арми Хамер
Во 2021 година три жени го обвинија за злоупотреба, а една од нив и за канибализам, по што преку ноќ неговиот менаџер му го раскина договорот, а тој ги изгуби улогите и во неколку идни проекти.
Сам се пријави на лекување, а денес живее на Кајманските Острови, каде работи како агент за издавање недвижнини, градинар и супервизор на комплекс апартмани.

Дени Мастерсон
Ѕвездата на серијата That ‘70s Show беше осуден на 30 години затвор поради силување и злоставување три жени.

Чарли Шин
Во 2010-та беше најплатениот телевизиски актер и заработуваше по 1,8 милиони долари по епизода за шоуто Two and a Half Men.
Но, кога почна јавно да зборува против еден од креаторите на серијата, филмските студија не само што го отпуштија, туку никој не го ангажираше во следните 10 години.

Ленс Армстронг
Најуспешниот велосипедист на сите времиња, кој седумпати по ред го освојуваше Tour de France, преку ноќ стана омразен откако се дозна дека користел нелегални супстанции за подобрување на своите перформанси.
Оттогаш му е забрането да се занимава професионално со велосипедизам.

Мерион Џонс
Олимписката шампионка од 2000 година во Сиднеј, мораше да ги врати своите пет медали освоени на Олимпијадата (три злата и две бронзи), откако призна дека се допингувала.
Јавноста ја замрази, со коментар дека ја осрамотила американската нација.

А. Ј. | Црнобело
