Се дружи со елитата, има раскошна куќа, но никој не знае како заработува: Животот на Амбер Херд откако избега во Шпанија
- Детали
- четврток, 23 април 2026
Амбер Херд живее во Мадрид, во куќа што ја купила за 1,5 милиони евра. Веќе не работи како актерка, а не е познато ни како заработува. Сепак, може да си дозволи живот „на висока нога“ во елитна населба во шпанската престолнина.

Амбер Херд се прослави со филот All the Boys Love Mandy Lane и стекна светска слава.
Две децении подоцна, нејзиниот живот е многу поразличен и ги нема гламурот и раскошот од Холивуд.
Актерката, која вчера (22.04) го прослави 40-тиот роденден, сега „се крие“ во Шпанија, по бурниот развод и судењето со Џони Деп од 2022-ра.
По поразот во судница што ѝ ја заврши кариерата, Амбер пробувала одново да си го изгради животот.
Веќе не работела како актерка, а според некои извори, била ставена на „црната листа“ на Холивуд по судењето со бившиот сопруг.
За потсетување, Амбер и Џони Деп се запознаа во 2009-та, на сетот на The Rum Diary. Ја почнаа врската во 2012-та, а се венчаа во 2016 година.
Но, нивниот брак траеше само една година – Амбер побара забрана за приближување за Џони и го обвини дека бил насилен.
Таа напиша и колумна во која го нарекуваше актерот насилник, а ова се одрази негативно на неговата кариера.
Па, во 2019-та, тој поднесе тужба за клевета против Амбер, но и против медиумот што ја издаде нејзината колумна.
Амбер поднесе контратужба и со ова целата драма ескалира.
На крај и Амбер и Џони беа прогласени за виновни по неколку точки, но за „победник“ дефинитивно може да се смета актерот.
Бидејќи судењето се емитуваше јавно, репутацијата на Амбер беше уништена и таа стана мета на шеги, но и закани.
Брзо по завршувањето на судењето, Амбер побегна во Мајорка, Шпанија, каде што изнајмила куќа користејќи псевдоним – Марта Џејн Канари.