Објавува бизарни видеа за вонземјани, по 5-те тужби од ученички: Како Џејмс Франко си ја уништи кариерата?
По обвиненијата против Џејмс, Сет Роген се оддалечи од него, а неодамна откри дека не планира некогаш да го подобри односот.
„Искрено мислам дека ова е премногу лично за да навлегувам сега. Премногу е личност. Има јавна страна, за којашто имам зборувано и уште го имам истиот став – немам работено со него со години…
Ништо се нема променето од последниот пат кога зборував за ова, одамна немам работено со него и не ни планирам да работам“.
Покрај филмовите со Сет Роген, како Pineapple Express, Џејмс Франко имаше и бројни други значајни улоги во филмови како Rise of the Planet of the Apes, трилогијата Spider-Man со Тоби Мегваер, како и 127 Hours – улогата што му донесе номинација за Оскар.
Џејмс Франко се проби во индустријата со тинејџерката драма Freaks and Geeks од 1999 година.
Низ годините, изгради импресивна кариера, но во 2018 година се соочи со тужба.
Актерот имаше отворено школа за глума, Studio 4, а пет ученички го тужеа дека се однесувал непримерно кон нив и дека сексуално ги вознемирувал.
Следната година, две од жените тврдеа дека тој редовно ги злоупотребувал ученичките во неговото училиште, користејќи го своето влијание.
Според нив, тој самиот избирал кои ученички ќе одат во неговиот клас, само за да може да им пристапи полесно.
Кога јавноста дозна за тужбите, актерот ги негираше обвиненијата преку неговиот адвокат.
На крај, во јули 2021-ва, направи спогодба од дури 2 милиони долари.
Бидејќи неговата репутација сепак страдаше, актерот реши и самиот да се огласи, изјавувајќи дека бил зависен од секс, но дека не значи дека ги вознемирувал ученичките.
„Додека предавав, навистина спиев со ученички и тоа беше погрешно. Но, не го отворив училиштето за тоа и не избирав самиот кој ќе биде во мојот клас.
Немаше никаков план за нешто такво. Но, да, имаше ситуации кога се случуваше нешто, во согласност со ученичките, но ова не требаше да се случи“.
На прашањето зошто чекал толку долго за да се огласи за скандалот, сподели дека сметал дека сега е вистинското време.
„Некои луѓе беа разочарани од мене и требаше да слушам. Па, работев многу. Претходно бев на рехабилитација за злоупотреба на супстанци.
Имаше некои проблеми со кои требаше да се справам кои исто така беа поврзани со зависност.
Го користев она што го научив на рехабилитација за да ја проучам целата ситуација и да се променам како личност“.
Потоа, во 2024-та, актерот изјави дека навистина бил променет и дека скандалот го натерале да си ги промени приоритетите.
„Болно е кога ќе ви кажат дека сте лоша личност. Но, токму тоа требаше да го слушнам за да престанам да се движам во иста насока“.
Иако делува како актерот да се кае за своите постапки, тоа што исплати дури 2 милиони долари за да направи спогодба за некои е сомнително.
Од друга страна, има и фанови кои уште го поддржуваат, а кои сега се искрено загрижени поради неговите чуди објави на ТикТок.
Спирова С. | Црнобело