Никол Шерцингер како бикини божица дочека 48-ми роденден – позира на плажа, свршеникот восхитен од неа
- Детали
- среда, 01 јули 2026
Напиша 47-ца во песокот, па бран ја избриша бројката и испиша 48 – Никол Шерцингер е совршена во бикини на плажа додека го слави својот роденден, а нејзиниот свршеник објави фотки од неа и напиша емотивна посвета колку се гордее со неа: „Ме правиш подобар човек“.

Никол Шерцингер уште еднаш покажа, дека дури и пред прагот на 50-тата година, таа е вистинска бикини божица.
На својот Инстаграм профил, објави видео од плажа на Хаваи, каде пишува 47, а откако бран ја брише бројката, испишува 48, толку години колку што наполни.
Таа изгледа совршено облечена во тиркизни бикини и со минимална шминка и докажа дека годините не се пречка за фит тело.

Освен што самата си го одбележа роденденот со фотосесија, и нејзиниот свршеник Том Еванс, објави низа фотки низ годините.
Тој се восхитува на нејзината убавина, но е горд и на неа, па ѝ посвети емотивна честитка:
„Среќен роденден љубов моја! Голем дел од животот го посветуваш на другите луѓе, па се надевам дека денес ќе биде само за тебе.
Постојано се восхитувам на твојата работна етика, талент и сила, но твоето срце ме освојува секојпат. Начинот на кој се грижиш за луѓето, како ги ставаш на прво место и начинот на кој секогаш си тука за луѓето кои те сакаат.

Се гордеам со сето она што го имаш постигнато, но уште повеќе се гордеам на личноста што си.

Ја осветлуваш секоја просторија, го правиш секој ден поубав и ме правиш подобар човек.
Ти благодарам за сета љубов, смеа и поддршка. Животот е подобар со тебе во него.
Те сакам повеќе од кога било, за уште многу авантури, зајдисонца, долги прошетки и заеднички спомени“.




М. М. | Црнобело