„Тројката се распадна, преку глава ѝ е од драмата“ – Зошто Селена Гомез се оддалечи од Бруклин Бекам и Никола Пелц?
- Детали
- понеделник, 18 август 2025
„Преку глава ѝ е од драмата што ја прават тие двајца. Кругот на пријатели секоја недела им се стеснува, очигледно сите го сфатија однесувањето на Никола, а Бруклин не прави ништо да го смени тоа“ – што се случи со пријателството на Селена Гомез со Никола и Бруклин, кои беа неразделни и се нарекуваа „тројка“?

Во последните неколку години, Селена Гомез многу се зближи со Бруклин Бекам и Никола Пелц.

Пријателството на Селена со Бруклин датира од 2015-та, кога беа првпат фотографирани заедно на Модната недела во Њујорк, а во 2022, таа ја запозна Никола и за кратко станаа неразделни.

Си ставија исти тетоважи за да покажат колку се блиски, одеа на заеднички одмори сите тројца, а пејачката славеше со парот и Нова годинa, па кога објави заеднички фотки, се пошегува на своја сметка: „Добро, може да се наречеме тројка“.


Но, изгледа на „тројката“ ѝ дојде крај, а Бруклин и Никола се оддалечија од Селена, исто како што се оттргнаа од семејството Бекамови, а полека се оттуѓуваат и од сите нивни познати пријатели.

Очигледно е дека Гомез не присуствуваше на нивната забава за обновување завети, која инаку доби многу реакции од јавноста и за која беа исмејувани, а семејството на Бруклин дозна за тоа преку медиуми, со оглед на семејната драма која трае.
Прочитајте повеќе: Бруклин ја „запросил“ Никола пред обновувањето на заветите, јавноста го исмеа: „Личи како гостин на својата свадба, го нема на фотките“
Според изворите, тоа е и причината за нивното оддалечување, односно Селена се изморила од нивното „дива“ однесување.
„Минатата година таа забележа дека однесувањето на Никола се претвори во постојано барање на внимание.
Имаше многу тензични моменти, на пример, кога седнуваа на ручек, Никола бираше каде да седне за да изгледа добро пред фотографите, а не ѝ беше гајле за Селена.
Погледнете го кругот на пријатели на Бруклин и Никола, се стеснува секоја недела.
Некои луѓе им свртеа грб бидејќи сфатија како се однесува Никола, а Бруклин не прави нешто многу за да го смени тоа“ – тврди извор за The Sun.

Наводно, сите деца на познатите со кои се дружеше Бруклин, како децата на Гордон Ремзи или Мадона, веќе не се во контакт со нив, судејќи според изворот кој вели дека не им ставиле лајк ниту коментар на фотките од заветите.

„Односите многу се оладија со неговите стари пријатели – изгледа како бракот со Никола да значеше дека ќе почне целосно нов живот со нови луѓе околу него“ – додава изворот кој тврди дека тројката веќе не постои.

Во меѓувреме, Селена ужива во љубовниот живот со свршеникот Бени Бланко, со кого исто така и соработува и има заедничка музика, а таа собира бројни номинации и награди за својата работа.
Иако изгледа како да дошол крајот на нивното пријателство, сепак други извори за DailyMail уверуваат дека тие уште се пријатели, но заради семејната драма со Бекамови и зафатените распореди, не успеваат да се дружат како порано, а дека социјалните мрежи не се доказ за тоа дали се блиски.

Останува да видиме дали ова ќе се претвори во нова драма или мирно ќе заврши ерата на Гомез-Бекам-Пелц.
Прочитајте и Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со нив
М. М. | Црнобело
